Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Дневнику, ич не си личен, да ти кажам право.

Мајка ми сабајле ми се прикрала в соба и ми оставила големо пакетче за големото бебе, ко што вика. Абе, смешно е да гледаш толкава крава кај што се радува, затоа мислам да го разделам на помали пакетчиња и да го поделам по дечињана кои се врткаат низ маало. Доста ми е мене товење.

Кога сме кај товењето, душа снемувам од хип-хоп вежбиве...да ме видат оние што ме учеа на времето, ќе ми врзат шамар.

А мора да се одржува некоја кондиција зашто осеќам дека уште малку ќе станам ко планета со своја гравитација и сателити.

Годината ја испратив со гест што треба да е секојдневие и да го прави секој што ќе пронајде нешто изгубено, зашто некому може да значи многу. Во 23:30, па што? Срдечните заблагодарувања, благослови и радоста на непознатите дечиња што ја слушнав по телефон, ми беа и повеќе од доволни за весел почеток.

Ги гледам сите насмеани, си честитаат и се смешкаат, иако не се ни познаваат. И жалам што тоа за некој ден ќе згасне и ќе се вратат загрижените, намуртени фаци што постојано брзаат некаде. Жал ми е што се потребни фиктивни почетоци за сите да бидат сплотени и со мали гестови да усреќат некој странец.

Последниве две-три години не се чувствувам празнично. Во сите тие брзања ко низ fast forward, ме заболува душата кога погледот ќе ми се фокусира на самци и бездомници за кои овие наши еуфории се непознати и безначајни, а тогаш ми се рушат сите идеали за празничниве проповеди по ТВ.

Мрчам против Мајки Терези дневниче, да, а тоа е зашто нашиве зборови на интернет просторов се празни, а делата ги нема ниту индивидуално, ниту колективно, освен во форма на непотребни споменици и некакви луксузни резиденции за мрсни дибеци за кои се двои од гладните усти.

Апел до надлежните да седнат и смислат по еден датум во месецот кога секој ќе осети среќа и припадност. Пардон на форумскиве правила што ќе звучам ко Јанко, ама да ви се плукнам (велам „плукнам“ зашто не сакам да употребам повулгарни изрази) јас во вашата наводна скромност што сте ја дочекале новава во домашна атмосфера, и да ви се плукнам во вашите меѓусебни плукања, локуми и фешти што ги користите за привлекување раја што слепо ќе ви верува, а највеќе да ви се плукнам на секој дебилно истрошен денар со кој сте можеле некому да подарите среќа, наместо да се китите со лажен барок патриотизам и лечење комплекси со задни намери.

Човекот живее и страда сега. Тој човек ќе пренесува добар збор ако му помогнете. Легендата пренесувана од уста на уста не умира, а за 200 години, парите и интересите и онака ќе напишат нова историја.

Среќна сум што сум со пријателите и фамилијата, но ме загрижува бесрамноста и лицемерието.

Ако нешто научив од (буквално) сивово секојдневие, тоа е дека искреноста може да сјае и низ најгустата магла.

А, во нашиов случај, богами и ни треба магла да ни ги прикрие маските.

[QUOTE="Electra, post: 274042, member: 229"] Дневнику, ич не си личен, да ти кажам право. :biggrin Мајка ми сабајле ми се прикрала в соба и ми оставила големо пакетче за големото бебе, ко што вика. Абе, смешно е да гледаш толкава крава кај што се радува, затоа мислам да го разделам на помали пакетчиња и да го поделам по дечињана кои се врткаат низ маало. Доста ми е мене товење. Кога сме кај товењето, душа снемувам од хип-хоп вежбиве...да ме видат оние што ме учеа на времето, ќе ми врзат шамар. А мора да се одржува некоја кондиција зашто осеќам дека уште малку ќе станам ко планета со своја гравитација и сателити. Годината ја испратив со гест што треба да е секојдневие и да го прави секој што ќе пронајде нешто изгубено, зашто некому може да значи многу. Во 23:30, па што? Срдечните заблагодарувања, благослови и радоста на непознатите дечиња што ја слушнав по телефон, ми беа и повеќе од доволни за весел почеток. Ги гледам сите насмеани, си честитаат и се смешкаат, иако не се ни познаваат. И жалам што тоа за некој ден ќе згасне и ќе се вратат загрижените, намуртени фаци што постојано брзаат некаде. Жал ми е што се потребни фиктивни почетоци за сите да бидат сплотени и со мали гестови да усреќат некој странец. Последниве две-три години не се чувствувам празнично. Во сите тие брзања ко низ fast forward, ме заболува душата кога погледот ќе ми се фокусира на самци и бездомници за кои овие наши еуфории се непознати и безначајни, а тогаш ми се рушат сите идеали за празничниве проповеди по ТВ. Мрчам против Мајки Терези дневниче, да, а тоа е зашто нашиве зборови на интернет просторов се празни, а делата ги нема ниту индивидуално, ниту колективно, освен во форма на непотребни споменици и некакви луксузни резиденции за мрсни дибеци за кои се двои од гладните усти. Апел до надлежните да седнат и смислат по еден датум во месецот кога секој ќе осети среќа и припадност. Пардон на форумскиве правила што ќе звучам ко Јанко, ама да ви се плукнам [SIZE=1](велам „плукнам“ зашто не сакам да употребам повулгарни изрази)[/SIZE] јас во вашата наводна скромност што сте ја дочекале новава во домашна атмосфера, и да ви се плукнам во вашите меѓусебни плукања, локуми и фешти што ги користите за привлекување раја што слепо ќе ви верува, а највеќе да ви се плукнам на секој дебилно истрошен денар со кој сте можеле некому да подарите среќа, наместо да се китите со лажен барок патриотизам и лечење комплекси со задни намери. Човекот живее и страда сега. Тој човек ќе пренесува добар збор ако му помогнете. Легендата пренесувана од уста на уста не умира, а за 200 години, парите и интересите и онака ќе напишат нова историја. Среќна сум што сум со пријателите и фамилијата, но ме загрижува бесрамноста и лицемерието. Ако нешто научив од (буквално) сивово секојдневие, тоа е дека искреноста може да сјае и низ најгустата магла. А, во нашиов случај, богами и ни треба магла да ни ги прикрие маските. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom