Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Се дотерав..што тука, што со гардероба. Скромно де, некои парталчиња што не ми беа баш најпотребни ама ми се допаднаа па ги зедов. Едвај чекам да ја стокмам комбинацијата. Звучам ко типична шмизла, знам.

За друго дојдов.

Знаеш, изминативе неколку дена набљудував што навистина се случува околу мене. И ништо ново не открив, го потврдив она што веќе го знаев. Сите брзаат некаде. Почнувајќи од дедото Петре што живее во уличката до мојата кој секое утро брза со велосипедот да стигне на ридот и да пукне со пушката за да убие некоја невина птица, до забавачињата што трчаат за побргу да се скријат од студот и да се најдат во колку-толку потоплите училници. Брзам јас за да не ми избега автобусот, брза момчето со актовката кое секое утро го среќавам на истото место во исто време, брзаат тутунари да го соберат и последното ливче тутун што останало во полето, брзаат возрасните да стигнат на работните места. Брза тетка Летка да ја отвори самопослугата, брза вработениот во Комуналец да го собере ѓубрето, брзаат таксистите, брза другар ми да се истурка и да купи топол бурек. Брзаат возачите на автобусите да стигнат на секое место во точното време, брза професорот за време на предавање за да предаде повеќе.

И знаеш, што се случува на враќање? Па истото!!

Дедо Петре брза да се врати и да јаде чорба од птичјото месо, брзаат учениците за да ги фрлат ранците и да се препуштат на играта, јас пак трчам за да фатам место во автобусот. Тутунарите се враќаат со полни кошови, се враќаат работниците на ручек. Тетка Летка ја чека смената за да оди дома и си ја фати домашната работа. Момчето не го среќавам на враќање. Можеби се враќа по различен пат, кој знае..

Се прашувам..тоа ли е целта на животов? Постојано трчаш од врата до врата, од место до место, за себе, за синови и ќерки, за внуки и внуци. И повторно, на крајот, останува ништо. Чекорите кои си ги направил ги брише времето..

[QUOTE="Angiie, post: 153412, member: 222"] Се дотерав..што тука, што со гардероба. Скромно де, некои парталчиња што не ми беа баш најпотребни ама ми се допаднаа па ги зедов. Едвај чекам да ја стокмам комбинацијата. Звучам ко типична шмизла, знам. За друго дојдов. Знаеш, изминативе неколку дена набљудував што навистина се случува околу мене. И ништо ново не открив, го потврдив она што веќе го знаев. Сите брзаат некаде. Почнувајќи од дедото Петре што живее во уличката до мојата кој секое утро брза со велосипедот да стигне на ридот и да пукне со пушката за да убие некоја невина птица, до забавачињата што трчаат за побргу да се скријат од студот и да се најдат во колку-толку потоплите училници. Брзам јас за да не ми избега автобусот, брза момчето со актовката кое секое утро го среќавам на истото место во исто време, брзаат тутунари да го соберат и последното ливче тутун што останало во полето, брзаат возрасните да стигнат на работните места. Брза тетка Летка да ја отвори самопослугата, брза вработениот во Комуналец да го собере ѓубрето, брзаат таксистите, брза другар ми да се истурка и да купи топол бурек. Брзаат возачите на автобусите да стигнат на секое место во точното време, брза професорот за време на предавање за да предаде повеќе. И знаеш, што се случува на враќање? Па истото!! Дедо Петре брза да се врати и да јаде чорба од птичјото месо, брзаат учениците за да ги фрлат ранците и да се препуштат на играта, јас пак трчам за да фатам место во автобусот. Тутунарите се враќаат со полни кошови, се враќаат работниците на ручек. Тетка Летка ја чека смената за да оди дома и си ја фати домашната работа. Момчето не го среќавам на враќање. Можеби се враќа по различен пат, кој знае.. Се прашувам..тоа ли е целта на животов? Постојано трчаш од врата до врата, од место до место, за себе, за синови и ќерки, за внуки и внуци. И повторно, на крајот, останува ништо. Чекорите кои си ги направил ги брише времето.. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Личен дневник
На врв
Bottom