Во оваа тема, вљубениците во книгата ќе може да се информирате за сите литературни промоции што ќе се одржуваат во иднина (не мора да се ограничуваме само за Скопје).
Еден поголем настан ќе се случи утре во новото МНТ, доделување на втората меѓународна книжевна награда "Табернакул". Оваа награда ќе ја добијат рускиот писател Виктор Ерофеев и нобеловецот Орхан Памук од Турција. На оваа промоција ќе учествуваат Ферид Мухиќ и Венко Андоновски кои ќе одржат беседа за авторите, а Ерофеев и Памук ќе промовираат по две книги. Од Памук "Немиот дом" - книга за која во 1991 год ја има добиено наградата за Европско откритие, и "Наивниот и сентименталниот романописец". Додека Ерофеев ќе ги промовира "Акимудија" и "Руска убавица". Издавачката куќа "Табернакул" ќе им додели скулптури изработени од уметникот Горан Стаменков, златник, и парична награда од 5000 евра.