Литературни промоции

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Во оваа тема, вљубениците во книгата ќе може да се информирате за сите литературни промоции што ќе се одржуваат во иднина (не мора да се ограничуваме само за Скопје).

Еден поголем настан ќе се случи утре во новото МНТ, доделување на втората меѓународна книжевна награда "Табернакул". Оваа награда ќе ја добијат рускиот писател Виктор Ерофеев и нобеловецот Орхан Памук од Турција. На оваа промоција ќе учествуваат Ферид Мухиќ и Венко Андоновски кои ќе одржат беседа за авторите, а Ерофеев и Памук ќе промовираат по две книги. Од Памук "Немиот дом" - книга за која во 1991 год ја има добиено наградата за Европско откритие, и "Наивниот и сентименталниот романописец". Додека Ерофеев ќе ги промовира "Акимудија" и "Руска убавица". Издавачката куќа "Табернакул" ќе им додели скулптури изработени од уметникот Горан Стаменков, златник, и парична награда од 5000 евра.


1524959_669070339803884_479735419_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Luckky

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Памук во Скопје?
Не можел да избере подобар ден. Башка коинциденција. Итар Пејо likes this. :D
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Вечерва во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката кратки раскази "Ге - дур" на авторката Тамара Јолевска Попов, во издание на издавачката куќа Или - Или.

Додека пак на 13 февруари (четврток) со почеток исто во 20 часот во кафе - книжарницата Магор ќе се одржи промоција на збирката раскази "Тајната мисија" од Влада Урошевиќ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Ghtalpo

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Како и неколку години наназад, така и оваа година на 23 јули (понеделник) со почеток во 21 часот, во Градскиот парк ќе се одржи манифестацијата "Види музика - Слушни слика - Добиј книга".
Севкупно доживување од областа на уметноста, проследено со концерт на Македонската Филхармонија под диригенство на Мартин Пантелеев од Бугарија, ликовниот меч помеѓу Менсур Бојда и Владимир Симеонов, а ќе се подарат и 20,000 книги.

146-700x503.jpg

ADI0036.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еве нешто интересно што вреди да се ѕирне.

30725230_427830414346956_5546682677731524608_n.jpg

Супер комбо со Влада и Оли. Башка за оние носталгичарите на Скопје кое го паметиме пред овој градежен холокауст.