Јас правев операција пред 3 недели во Турција, после операцијата гледав матно ама после третиот час веќе гледав сосема нормално, проблем имав само со читањето.
Кога почнав да гледам чисто и без очила тоа беше мојот најсреќен момент во животот, толку среќен не сум бил дури и по првиот секс
.
Операцијата ја правев во клиниката Eye Star во Истанбул, целата организација беше преку
TA Atlantis и тие ми средија се, авионска карта до Истанбул и назад, пречек во Истанбул, сместување, прошетка низ Истанбул.
Целата операција трае помалце од 10 минути, нема ништо страшно, не боли ниту пече ниту ти сечат нешто. За сега сум доста задоволен, колку време ќе трае не знам ама после 20 години конечно се чуствувам слободно, не мора да мислам дали ќе ги скршам очилата или ќе ги изгубам, едноставно станувам од кревет и гледам се.
Првиот месец после операцијата е многу важен, првиот ден се ставаат капки на секои 2 часа, првата недела се ставаат капки 4 пати на ден и после треба само 5 пати на ден да се ставаат вештачкте солзи за да се избегне ефектот на суво око.
Доколку треба да патувате некаде употребувајте ги солзите на секои 30 минути.
За да не ги користите солзите можете да гледате Индиски филмови или Турски серии и да се утепате од плачење
os:
os:
os:
os:
Доколку некој нешто го интересира може слободно да праша.