Ласерска корекција на вид

DarkHorse

Староседелец
18 февруари 2014
4
0
601
Доколку некој знае да ми каже некакви информации околу ласерската корекција на видот. Колку чини една ваква операција и дали се чуствуваат болки за време на операцијата или после тоа?

Ако има некој на форумов што направил ваква операција или пак доколку имате некој близок што ласерски се оперирал слободно споделете искуство колку сте/се задоволни.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Некаде 300 евра е од око, значи за двете 600 евра ќе те чини...
Болки никакви ни во текот на операција ни пак после тоа...
Мислам дека само еден ден или два ќе ти бидат покриени очите за заштита од јака светлина...
А мислам дека треба да размислиш два пати зашто после операција видот ќе ти биде коригиран и вратен на нормала но не постои гаранција дека диоптријата со тек на време нема да се врати...значи повторно може да ти се влоши видот...како и за се така и за ова нема гаранција...
Треба да имаш полни 26 години...мислам дека до таа возраст комплетно се развивало окото и затоа операциите ги прават со навршени 26 години...
И јас размислував многу и едно време се распрашував за во Белград и за во Турција...ама некако сеуште се двоумам...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Некаде 300 евра е од око, значи за двете 600 евра ќе те чини...
Болки никакви ни во текот на операција ни пак после тоа...
Мислам дека само еден ден или два ќе ти бидат покриени очите за заштита од јака светлина...
А мислам дека треба да размислиш два пати зашто после операција видот ќе ти биде коригиран и вратен на нормала но не постои гаранција дека диоптријата со тек на време нема да се врати...значи повторно може да ти се влоши видот...како и за се така и за ова нема гаранција...
Треба да имаш полни 26 години...мислам дека до таа возраст комплетно се развивало окото и затоа операциите ги прават со навршени 26 години...
И јас размислував многу и едно време се распрашував за во Белград и за во Турција...ама некако сеуште се двоумам...

И неколку месеци да одбегнуваш читање, гледање тв, компјутер и сл. Барем така му кажаа на татко му на еден другар лани.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Кога јас се распрашував за ласерска корекција на сопствениот вид ми препорачаа една очна болница во Белград каде операцијата чинеше 500 евра за едното око.
Корекцијата е сосема безболна, напорен е целиот третман после неа. Очите покриени и неизложени на било каква светлина треба да бидат најмалку три дена после операцијата. А наредните три месеци на било каква светлина треба да носите очила за сонце со темни стакла. Очите треба што подолго да се одмараат и да се одбегнува читање, гледање тв, работа со компјутер и слично.
Треба трпение и плус не се нафаќаат да прават операција ако диоптерот ти е слаб (до кај 2).
 

Cacko123

Нов член
5 март 2014
1
0
1
40
Јас правев операција пред 3 недели во Турција, после операцијата гледав матно ама после третиот час веќе гледав сосема нормално, проблем имав само со читањето.
Кога почнав да гледам чисто и без очила тоа беше мојот најсреќен момент во животот, толку среќен не сум бил дури и по првиот секс ;).
Операцијата ја правев во клиниката Eye Star во Истанбул, целата организација беше преку TA Atlantis и тие ми средија се, авионска карта до Истанбул и назад, пречек во Истанбул, сместување, прошетка низ Истанбул.
Целата операција трае помалце од 10 минути, нема ништо страшно, не боли ниту пече ниту ти сечат нешто. За сега сум доста задоволен, колку време ќе трае не знам ама после 20 години конечно се чуствувам слободно, не мора да мислам дали ќе ги скршам очилата или ќе ги изгубам, едноставно станувам од кревет и гледам се.
Првиот месец после операцијата е многу важен, првиот ден се ставаат капки на секои 2 часа, првата недела се ставаат капки 4 пати на ден и после треба само 5 пати на ден да се ставаат вештачкте солзи за да се избегне ефектот на суво око.
Доколку треба да патувате некаде употребувајте ги солзите на секои 30 минути.
За да не ги користите солзите можете да гледате Индиски филмови или Турски серии и да се утепате од плачење :pos::pos::pos::pos:
Доколку некој нешто го интересира може слободно да праша.
 

Милена35

Нов член
5 март 2014
1
0
1
44
Здраво, еве и јас веке некое разгледувам кои се можностите за ласерска корекција и какви се ризиците. Засега сум одлучена ласерската корекција да ја направам во Истанбул, но ми треба уште малку храброст и да се јавам да закажам :)
А во врска со условите за да се направи ласерска корекција секаде каде што прочитав пишуваше дека е потребно да си над 18 години и да немаш некој друг проблем освен диоптријата, и тоа за далеку беше некаде до -6 ако не и повеќе. Исто така после операцијата е опишано дека уште истиот ден можеш сосема слободно да гледаш (со тоа што треба тој ден да се носат наочари за сонце и следната недела да се внимава на триење на очите и некој случајни повреди да не настанат). Ве молам ќе може ли да ми пратите линк каде ги има тие информации дека подолго време несмее да се работи, да се чита и слично. Несакам да ја направам операцијата и отпосле да имам вакви проблеми.