Мојот сон исто така. Може да се здружиме, нели заедно сме посилни
Јас како што можам да се приврзам за куче мислам дека не можам за човек. Моите мака мачат со мене затоа што постојано носам кучиња дома, ми е грев да ги оставам на улица. Сум чувала многу кучиња досега. Кој сум ги дала кај тетки/чичковци/вујни/братучеди, кој за жал умреле затоа што ми ги отруле моите луди соседи. И не знам ни сама колку само солзи сум пролеала за нив.
Немам омилена раса. Ги сакам сите подеднакво, без разлика дали се „џукели“ како што некои ги нарекуваат или расни. Не можам да ги двојам. Тоа ти е исто како сега да прашаш некој „Абе тебе која раса на луѓе ти е омилена“?
Дури тие најзабаталените, најзагрозените кучиња знаат повеќе да сакаат и да ценат од оние на кои им е пружено се’. Многу ми е жал за кучињата-скитници на кои уште коските останале на нив и секогаш кога сум во можност се обидувам да ги нахранам колку-толку. Ми се случува да го дадам целиот сендвич што сум си го купила само за кога ќе отидам дома да не мислам на кучето што се мотало околу мене додека сум јадела.
Не можат да не бидат мили кога ќе те погледнат со тие очи
Инаку моментално чувам женка, мелез е - ни сама не знам од што. Ја најдов ова лето, оставена покрај автопат прегладнета. Мислам дека имам оставено нејзина слика негде по форумов, ама ете пак.
Say Hello to Luna
Ова е слика од тие денови кога ја зедов, сега не сака да се слика
И за крај еве една мисла за кучињата, извадок од филм:
"A dog has no use for fancy cars, big homes, or designer clothes. A water logged stick will do just fine. A dog doesn't care if you're rich or poor, clever or dull, smart or dumb. Give him your heart and he'll give you his. How many people can you say that about? How many people can make you feel rare and pure and special? How many people can make you feel extraordinary?"