Молам за логика малку! Ако може
Како и зошто баш утре би настанал крај на светот? Па ни помалку, ни повеќе, точно во 12:11.
Или се водите по гледаноста на спотон на гангам стајл?
Да беше некој метеор, ќе се знаеше месеци однапред.
Да беше некое цунами, исто.
Ураган, исто.
21.12.2012 е всушност дата каде сите бројки од Мајанскиот календар се враќаат во почетната положба, односно се поминати 13 бактуни.
Завршува само едно броење на времето, ништо повеќе, ништо помалку. Ќе се уверите и сами, кога повторно ќе дишите и на 22ри, и на денот потоа, и на денот после тој.