Сеа незнам од кој аспект добра, меѓутоа ако збориме за економија, здравство, стандард, образование, култура, свест, тогаш би ги избрала Норвешка, Шведска, Данска. Во Данска дури и Македонските студенти уживаат услови кои во Македонија се научна фантастика. Значи без проблем би живеела во Скандинавија. Меѓутоа социолошкиот аспект кој е многу битен и менталитетот на луѓето прават Скандинавија и да не е толку посакувана за живеење, особено од Балканците кои живеат таму не дека не, но она што недостасува е нашиот сензибилитет, способност за уживање , опуштање , дружење , пиење, јадење , пеење....ние сме премногу живи суштества , страствени, сакаме да го спојуваме задоволството со се и ете тој начин на живот најмногу им фали на нашите луѓе таму.