Компјутерска писменост

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Што мислите, колку луѓето се заинтересирани за да научат повеќе за компјутерите? Сите оние работи кои тие ни ги нудат и ни го олеснуваат животот, но и опасностите кои демнат на интернетот? Зошто постои слаба заинтересираност за софтвер/хардвер? Еднаш разговарав со една другарка на оваа тема и добив одговор: "Ама мене не ме интересира софтвер глупости, јас на нет се забавувам и си барам информации кога ми требаат, нејќам друго да знам". Јас на тоа и реков дека благодарение на она што таа го нарекува глупост, може да ги прави сите тие работи. Ме погледна некако бледо и смени тема.

Тука морам да ги спомнам и постарите. Зошто толку упорно одбиваат да се описменат компјутерски? Зарем има некаква штета од тоа? Генерално, ако компјутерите се толку многу користени, зошто никој несака да научи повеќе за нив и да дискутираме?
Еве, погледнете и на форумите. Бордовите на тема компјутери се најслабо постепени и има најмала дискусија.
 

Maloto

Истакнат Член
19 февруари 2012
31
5
308
Што е тоа повеќе што треба да се научи за компјутерите ? Како се прават, како сам да си напраивиш компјутер, како да (не) го користиш ?

Каква заинтесираност за софтвер/хардвер ? Производство на истите, развивање, како да се користат ?

Дефинирај по конкретно малку компјутерска писменост ? Под компјутерска писменост (ако може така да се речи ) јас подразбирам некои термини и поими кои се користат во ИТ технологијата.

Името на темата, со објаснувањето се малку збунувачки и неубо дефинирани, не знам како очекуваш со вавков вовед да се развие сериозна дискусија во областа на ИТ.

Ако сакаш сериозна дискусија, постави конкретно прашање и чекај одговори :)

А тоа дека треба да се описменат малку луѓето и треба да користат компјутери се сложувам.
Дека треба на многу луѓе да им се објасни кои се позитивните, а кои негативните работи со користење на компјутери, треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
Каква заинтесираност за софтвер/хардвер ? Производство на истите, развивање, како да се користат ?

за производство нека мислат тие у фабриките ..

важна ако се ти занимаваш со софтвер немора да значи дека сите мора да знаат како работат програмите и што све треба да се напраи бар едно мало програмче..и ја учев принцип,карактеристики на процесори,тв а ,звучници,микрофони,транзистори,отпорници,,,али тоа сите не ги интересира бар повекето.. мал број се оние кои ги интересира тоа пр. за хардверот у комп. посебни спецификации на производот,на која фреквенција работи,која температура,кои перформанси вади графичката за игри итд.

а у третата група се луѓе ептен дрва кои не знаат да си инсталираат мозила,,уствари да си симнат маани инсталирање,па дојди да ми симнеш една песна ,да ми ставиш титлови на филмот,,,,,, е тоа е веке претеризам :mad
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Многу мала е за жал, буквално има луѓе што незнаат програма да си инсталираат на компјутерот. Мислам дека доколку би се заинтересирале можеби би поднаучиле нешто, бар "the basics" би било добро, дремат 24/7 на фејсбук и каде ли уште не, а незнаат еден драјвер да си симнат.