Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Кулинарство и исхрана
Готвење и рецепти
Кои се најдобри ладно цедени масла во Македонија?
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Да, океј, рибата влегува во посно.

За маргаринот исто океј, но зошто не чоколадо? Не е секое чоколадо исто. А какаото си има свои корисни страни. Зошто не би јадела пица ако си ја направам сама дома? Не морам да користам салами и кечапи, има еден куп здрави варијанти, ама дури и ако ставам салама понекогаш не значи дека одма ќе ме стрефи рак. Пржена храна не чини, океј, најмногу не чини ако маслото прегори додека пржиш. Кашкавал растителен не поднесувам, ни вкус има ни мирис, кока-колата исто не ја поднесувам, ни други газирани пијалоци, ама па ако некогаш некаде ти се случи да ти падне шеќерот, кока-колата богами ептен помага. И чоколадо, па макар било сникерс, твикс или слично. Кафето, и тоа си има некои позитивни карактеристики, виното исто, зошто не би се напила една чаша вино понекогаш? Исто како шо рече порано за лимоните, и лимони да јадеш по едно кило секој ден, нешто ќе се поремети.

Изворската вода е можеби најчиста, но треба да знаеш каде сѐ поминала таа вода и што по патот растворила. Исто како што треба да ги знаеш и растенијата и нивните семиња и плодови, оти од едно исто растение некој дел е корисен, ама некој е отровен.

Еден човек колку и да истражува по интернет не може да биде сигурен дека знае. Науката и сите нејзини гранки, сѐ она што е карактеристика на цивилизацијата, тие се тие кои ти ги отвораат очите и те заштитуваат. Не може да се плука по медицината, хемијата, фармацијата само затоа што истите некој ги злоупотребува. Оти и незнаењето и довербата се злоупотребуваат. Ни јас не ги сакам докторите и колку можам одбегнувам да одам на доктор. Ама фала им шо ги има. Колку само луѓе си ги потрошиле животите за да знаеме денес, ти и јас, од „зошто 'рска и се цепи небото“ до „шо значи микробиолошки чиста вода за пиење“. Не може така, не е во ред и не држи место. Велков и на неа слични треба да се свесни дека можноста да влијаеш врз некого, носи и голема одговорност.

Инаку океј е да живееш како што ти е убаво, оти сепак е тоа најбитно, да уживаш во животот и во сѐ што создала природата, на начин кој за тебе е правилени најдобар. А луѓето умеат да препознаат и да следат позитивни примери. Многу поголемо влијание ќе имаш ако, пример, пишуваш рецепти и споделиш шо и како спремаш за доручек, ручек, вечера, без помпезни удирања во гради од типот „видете ме - чудете се“ и без напаѓање на другиот дека ако не те послуша тогаш е ваков или таков. Никој не е до толку малоумен, секој сака да е здрав и да живее спокојно. Сите имаме лоши навики. Јас пушам иако сум свесна колку е тоа штено. И ќе престанам да пушам тогаш кога сама ќе одлучам. Ама секој пат кога некој ми мудрува дека од цигарите се добива рак на бели дробови, јас му велам дека знам и такви кои цигара во уста не ставиле па починале од тој истиот рак на бели дробови.

Јас арна, фала на прашањето. Ти златен арен?

[QUOTE="lady_blue, post: 324625, member: 67"] Да, океј, рибата влегува во посно. За маргаринот исто океј, но зошто не чоколадо? Не е секое чоколадо исто. А какаото си има свои корисни страни. Зошто не би јадела пица ако си ја направам сама дома? Не морам да користам салами и кечапи, има еден куп здрави варијанти, ама дури и ако ставам салама понекогаш не значи дека одма ќе ме стрефи рак. Пржена храна не чини, океј, најмногу не чини ако маслото прегори додека пржиш. Кашкавал растителен не поднесувам, ни вкус има ни мирис, кока-колата исто не ја поднесувам, ни други газирани пијалоци, ама па ако некогаш некаде ти се случи да ти падне шеќерот, кока-колата богами ептен помага. И чоколадо, па макар било сникерс, твикс или слично. Кафето, и тоа си има некои позитивни карактеристики, виното исто, зошто не би се напила една чаша вино понекогаш? Исто како шо рече порано за лимоните, и лимони да јадеш по едно кило секој ден, нешто ќе се поремети. Изворската вода е можеби најчиста, но треба да знаеш каде сѐ поминала таа вода и што по патот растворила. Исто како што треба да ги знаеш и растенијата и нивните семиња и плодови, оти од едно исто растение некој дел е корисен, ама некој е отровен. Еден човек колку и да истражува по интернет не може да биде сигурен дека знае. Науката и сите нејзини гранки, сѐ она што е карактеристика на цивилизацијата, тие се тие кои ти ги отвораат очите и те заштитуваат. Не може да се плука по медицината, хемијата, фармацијата само затоа што истите некој ги злоупотребува. Оти и незнаењето и довербата се злоупотребуваат. Ни јас не ги сакам докторите и колку можам одбегнувам да одам на доктор. Ама фала им шо ги има. Колку само луѓе си ги потрошиле животите за да знаеме денес, ти и јас, од „зошто 'рска и се цепи небото“ до „шо значи микробиолошки чиста вода за пиење“. Не може така, не е во ред и не држи место. Велков и на неа слични треба да се свесни дека можноста да влијаеш врз некого, носи и голема одговорност. Инаку океј е да живееш како што ти е убаво, оти сепак е тоа најбитно, да уживаш во животот и во сѐ што создала природата, на начин кој за тебе е правилени најдобар. А луѓето умеат да препознаат и да следат позитивни примери. Многу поголемо влијание ќе имаш ако, пример, пишуваш рецепти и споделиш шо и како спремаш за доручек, ручек, вечера, без помпезни удирања во гради од типот „видете ме - чудете се“ и без напаѓање на другиот дека ако не те послуша тогаш е ваков или таков. Никој не е до толку малоумен, секој сака да е здрав и да живее спокојно. Сите имаме лоши навики. Јас пушам иако сум свесна колку е тоа штено. И ќе престанам да пушам тогаш кога сама ќе одлучам. Ама секој пат кога некој ми мудрува дека од цигарите се добива рак на бели дробови, јас му велам дека знам и такви кои цигара во уста не ставиле па починале од тој истиот рак на бели дробови. Јас арна, фала на прашањето. Ти златен арен? [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Кулинарство и исхрана
Готвење и рецепти
Кои се најдобри ладно цедени масла во Македонија?
На врв
Bottom