Книга Јов

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Во книгата поимите синови, ќерки , слуги се само споредби за внатрешното доживување во текот на еден човечки живот,со сите негови промени.

Инаку во надворешно размислување никогаш на исто мерило не би поставил синови, ќерки, слуги или со еден збор човек и материјално богатство.Едното со другото е неспоредливо.

Јов е всушност оној никулец ,она исконско кое е составен дел од секое човечко битие кое за жал ретки се оние кој го живеат, повеќето се ќерките, синовите и слугите,а тој останува затрупан испод лажната слика која трите " пријатели " (очите,ушите и говорот-умот) им ја сервираат за некаков бог кој никогаш го немаат осознаено.Затоа во почетокот Јов се моли за нив. ;)

Љубовта кон ближните треба да се зголемува, а не да се копнее од нивно разврзување.
Синовите и керките може да се и симбол за неговите дела, нештата кои што ги стекнал во животот, ги створил... човек кога се откажува од материјалното, на почетокот најмногу е приврзан кон нештата кои што сам ги создал, затоа и први му се одземаат.
Може да се поврзе и со твоето толкување, бидејки поради нештата кои што ги создаваме ни се наметнуваат и одредени епитети, а истите го создаваат ,,идентитетот'' на личноста, со тоа и самиот тој се менува (умира) одкако ке се одрече од поседувањето на нештата кои ги создава.

Кога погоре напишав синови и керки, мислев на самите епитети, не и на личностите кои ги носат истите.
Материјалното богатство не мора секогаш да се разбира само како пари, имот и сл., материјалното богатство може да подразбира и човечки суштества, семејството и слугите на пример. Можеби ние не сме навикнати да ги именуваме со терминот (материјални богатства), но исто е. Кога човек се приврзува за материјаното тело на најблиските, односно, станува зависен од нивното присуство поради страв или некоја друга потреба, тогаш истиот не ја разбира вредноста на душата во тоа тело.
Одрекувањето од материјалните богатства представува и одрекување од зависноста од личностите за кои што се плашиме дека ке ги изгубиме, бидејки ни се потребни за да ни помогнат да задоволиме одредени потреби, без разлика за каков вид на потреба станува збор.
Кога човекот учи да не им придава значење на епитетите, истовремено учи да ја вреднува душата.
Јов изгубил слуги, но тоа не значи дека ги изгубил и лугето кои што предходно ги доживувал како слуги. Истото важи и за синовите и керките.
...
Чистата љубов е нешто сосема друго и таа не може да се споредува. Кога сакаш некого безусловно не е ни важно дали ти е син, керка или слуга.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Кога би постоела чиста и безусловна љубов, тогаш не би постоела ни библијата, ни човекот, ниту сите овие приказни.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
@malo
Во суштина се работи за нешто сосема друго,во однос на Јов, неговите седум синови се неговите седум внатрешни промени(од дете до старец),како ти сега да кажеш за периодот кога си била мала дека е твојата ќерка,старицата е исто така твоја ќерка(бидејќи никулецот постои уште пред таа да постои)..губењето на "јас" е живеењето на Јов(никулецот).
Со губењето на својата идентификација, се доживива тага и патењето опишано во книгата Јов.
Само недефиниран во своето постоење може да се сретне исто така со недефиниран поим на бог,а Јов е единствен во библијата кој се сретнал.
Ако мечтеш по такво чуство, не значи дека треба да се отфрли материјалното, туку да се отфрли "јас" и се што преставувало од своето раѓање до своето умирање..некој го викаат тоа врховно "самоубиство".

Обрати внимание во книга Јов,кога разговара со своите пријатели и пробај да го разбереш Јов.:kafe
 
Да, разбирам :) . Го немам читано ова, имам гледано цртан одамна. Во секој случај ми има оставено впечаток
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica