Квалитетна дискусија на еден форум (општо)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Можеби има некоја слична ваква тема, но оваа има назнака за дискусиите на билокој форум воопшто.

Вака... Поттикнат од неколкуте постови што денес ги прочитав, како и со месеци „думањето“ за тоа што би се нарекло квалитет, а што не, ми дојде идеја да отворам ваква тема. Значи вака накратко. Што вие подразбирате под поимот квалитетна дискусија? Дали тематиките се некое мерило или пак начинот на кој дискусијата оди во тек? Или пак двете?
Истотака чисто од љубопитност, што ве поттикнува да дискутирате, а што одвратува?

Напомена: Темава е од општ карактер и би бил повеќе од среќен ако се држите надвор од пристрасноста поврзана со форумов (дали позитивна или негативна)
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Ме поттикнува да дискутирам за нешто што сум сигурен дека го знам и треба да го споделам.

Ме одвратува... т.е. ми се отпишува кога ќе видам дека нема некоја посериозна тема каде што би се дебатирало за нешто што јас би сакал. А и членовите повеќе ми се насочени кој ЧДС теми.

Што заклучивме?

-Дека секој член различно ја доживува секоја тема. Можеби сака повеќе да дискутира во Љубов и секс каде што мисли дека има квалитетна дискусија, некој сака во Спорт и сл.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
За квалитетна дискусија ја сметам дискусијата на било каква тема(кога викам било каква тема сметам на тоа дека може да се дискутира и на тоа, зошто гумата за бришење се вика ГУМА - значи дури и за најбалнални теми) ама да се тоа постови со многу сериозни ставови, со добри факти, без навреди.
Нека има цитирања, реплики, дури и на моменти нека се оди малку лево десно од темата со цел да се пронајдат повеќе аргументи, докази... ама нека нема навреди.
Нека не се наоѓа точка една во реченицата на некој пост и наместо посочената тема да се збори за точката...

Ме привлекува секогаш да дискутирам ако темата што сум ја отворил ми е блиска. Обично мразам да пишувам за теми за кои си немам појма. Ете затоа и не влегувам во потфоруми за кои немам блага веза.
А ме одвраќа кога некои влегуваат и наместо да дебатираат со она што не се согласуваат почнуваат со извртени навреди. Ме одвраќа и почнувам да се препуцавам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Заклучив дека многумина не се во состојба да дискутираат.
Дискусија, значи еден разговор или дебата за една точка или позиција кој со меѓусебен респект завршува во aзаедничка расправа.
Најчесто таквите дебати завршуваат со лутина затоа што некој си од останататите Х членови имаат различно мислење.
Можеби, таа дискусија започнала со еден мирен тон и така трае,
се додека не се појави некој кој не размислува така како првиот.
Во тој момент првиот Х член се чувствува загрозен и директно нападнат од вториот Yчлен.
Се работи за дискусија околу една тема,
а не за лична војна.
Се работи за размена на мислења,
создавање на нови можности,
нови мислења( повеќе варијанти на мислења околу една точка.
Без врска е кога ако имам одредено размислување на тема Х,
прво мора да размислам како ќе го пренесам да не би било навредливо(да тој член Х не го сфати како навреда што мислам поинаку)
па да го напишам.
Или пак кога ќе напишам( не само јас општо)
општо мислење за некоја тема,
се наоѓа некој кој го сфаќа тоа лично,
иако е општо мислено,
се наоѓа навреден и нападнат и возвраќа со
дрзок тон, бранејќи се самиот себе.
СДК
добра дискусија на форумов може да се води само со некои одредени личности,
и сепак да останат односите добри.
Некои дали од гордост или незнам чувство на пораз не прифаќаат туѓи мислења,
што воопшто не е во ред.
Нормално е да имаме различни мислења.
Сите сме различни единки.
Затоа јас се викам Лена, некој Рајко, некој
Петко, а некој Станко.
Не сите сме Петко.

Толстој рекол:
Најчесто дискусијата завршува со одвратна расправија затоа што застапувачот на мислењето не може или несака да ја сфати
поентата на спротивникот.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
искрено јас мислам дека многу се поттикнати да коментираат само за да тераат сеир,и да се зафркаваат,да гледат некој да направат глупав,а свака им част на исклучоците кои навистина се ретки
лесно е да се правеш паметен,само кој е и зошто е,мислам дека ова не е место за тоа да се изнесе на виделина:^)
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Квалитетна дискусија претставува разлика, и тоа: (искажување на повеќе мислења, издржани аргументи, одредено ниво на непристрасност), а намалителот е = (расправијата помножена со навреди и оффтопици) и сето тоа на квадрат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Saladin and monika88

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Квалитетна дискусија ти е всушност карање и докажување со стил. Под тоа подразбирам неупотребување на навреди, пцости и други сељачизми.
Ако тука имаш различно мислење од сите други, ти си неарен. Ако пак имаш мислење слично со многумина, тогаш ти се слеваш со нив и немаш свое „јас“.
Лошото е што повеќето од интересните дискусии завршуваат со клуч или бришење на мислења, а потоа тотална игноранција. Е ајде во таква средина најди погодна почва за квалитет.
Патем, Saladin, честитки за титулата, сега гледам.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Според мене добра дискусија може да се одвива на било која тематика и на било кој начин. Не е важно на каков начин се изразуваат членовите кои учествуваат во дискусијата се додека секој си стои на својот став и го искажува своето мислење. Уште подобра е дискусијата кога еден член ќе му го промени мислењето и гледиштето на друг член. Не со наметнување и инаетње, едноставно со добри аргументи и идеи.

Да, најчесто тие со различни мислења ја водат дискусијата кон конфликт, па затоа обично се смета дека дискусијата е поквалитетна кога соговорниците се сложуваат, делат мислење и искуство. И таква дискусија знае да биде добра, каде што членовите се надополнуваат еден со друг, а го делат истото (или барем слично) мислење.

Најчесто ме поттикнуваат теми каде што тематиката е мој општ интерест. На пример, музика (особено ако е жанр кој страствено го слушам), филмови, серии, уметност (на секаков начин), книги, итн. Исто така, често ме привлекуваат социолошки и филозофски теми и речиси секогаш го кажувам моето мислење на тие теми. Најмногу ме одвратува тема со оф-топици и променета насока на дискусија од оригинално започнатата.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Сеа да го изнесам моето мислење околу темата.

Своевремено имав изграден став дека сублиматот од изобилието на квалитетни теми и начинот на водење на дискусија се смета за прогресија на квалитетот на еден форум. Со тек на време тој став го изобличив, поради запознавање на голем број на форумџии од секаков ков. Впрочем, не може секој да дискутира за квантната физика, Шекспир, поморот на овци во југоисточна австралија, демографија на племето џибути, итн. Посекако треба да постои и одреден филтер каде форумџиите би можеле да здивнат во секојдневните активности, да се пошегуваат малку на своја/туѓа сметка, да пишат понекое вонтематско мислење. Како што една форумџика што ја ценам многу, одамна рече - добро е да се пишува офтопик колку да се разлади усвитената глава.
Е сега.. дотука ќе застанам, и ќе прејдам малку кон начинот на дискутирање. Општо познато е дека квалитетната дискусија (како што неког погоре пиша) е дебата со стил, а притоа да не се употреби нешто што би се искористило на лична основа. Индиректен сведок сум на дебати по форуми каде опонентите ја познаваат границата на своите зборови, а сепак знаат како да се спротиставуваат. Се додека не се префрли трет, кој е малку понеупатен и почне да го навредува првиот, кој ако е доволно внимателен или ќе го игнорира, или ќе го посочи исклучиво неговото мислење со својот контрааргумент, при што вториов најчесто би го прифатил таквиот тек на дебата. Но тоа се` зависи од внимателноста при изборот на зборовите.
Сведок сум дека во последно време секаде низ интернетот форумот од општ карактер се помалку се цени како место за дискусија, а повеќе се користи како место за издувување. Дали тоа би исклучиво со разни мислења вон темите или со дебата колку да се исфура некој член со неколкумина. Не знам што ги тера луѓето, можно е да е или преголем стрес на работа/факс или премногу слободно време.
Мојот краен заклучок е, да, квалитетот не зависи толку од тематиката колку од начинот на изнесување на ставот. Став си е став, ако стои зад него, треба и да го брани соодветно. Во спротивно делува негативно и придонесува кон неквалитет општо кон дискусијата.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Секоја индивидуа има свој став, сфаќање, поглед кон нештото и тоа не прави всушност различни.
Она што за мене е вредно за дискутирање, дебатирање за можеби десет други луѓе ќе биде досадно и апсолутно сфатливо ми е таквото социјално однесување.

Ама, кога на едно место ќе се собере мнозинство чии приоритети се Нутела крем, напрчени муцки, чевли, сублиминално упикување на членови за наоѓање друшка, просто ти ја гушат инспирацијата да создадеш нешто поинакво, ти ја унаказуваат вољата да почнуваш теми кои однапред знаеш дека ќе завршат со три мислења и тоа од луѓе на место, и просто ќе згасне тој обид за квалитетна дискусија.
Како и да е, мене ме сморува таков начин на интеракција, но сакам да верувам дека и во таа глутница постои искра. И додека постои, ќе бидам дел, на начин кој го одбирам свесно и јасно.

Убаво кажа некој дека квалитетни дискусии може да произлезат и од навидум обични , банални теми, ама доколку постои инспирација, а од луѓе чии приоритети се вредности за Телетабиси не може да го очекувате тоа.

И уште нешто, за мене квалитетна дискусија е и онаа која ќе се зачини со некое оф топик дофрлање, контрање, хумор....ама сите тие да бидат склопени со стил, а не извадени од некоја полица со Росици за забавачиња.
Јас еве се осеќам глупо во ситуации кај што некој пробува да биде смешен или интересен или досетлив, а притоа се служи со такви простачки фрази, некои безвезални финти извадени од нафталин и смешки кои најверојатно би му биле смешни само на Глупчо од Снежана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She, Arkantos and Electra