Кањони

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Најспектакуларните кањони во светот
Сите сме слушале и гледале фотографии од славниот Grand Canyon и неговата совршеност над конкуренцијата. Но, дефинитивно постојат повеќе чуда од овој вид расфрлани низ целиот свет. Погледнете ги 10-те најголеми ривали на најголемото чудо од Аризона. Меѓу нив и нашата Матка.
Antelope Canyon - Navajo Nation, AZ, USA
01.jpg

02.jpg

Blyde River Canyon - Mpumalanga, South Africa
03.jpg

04.jpg

Charyn Canyon - Kazakhstan
05.jpg

06.jpg

Colca Canyon - Arequipa, Peru
07.jpg

08.jpg

Copper Canyon (Barranca del Cobre)- Chihuahua, Mexico
09.jpg

10.jpg

Glen Canyon- Utah/Arizona, USA
11.jpg

12.jpg

Kings Canyon - Northern Territory, Australia
13.jpg

14.jpg

Matka Canyon - Macedonia
15.jpg

16.jpg

Waimea Canyon- Kauai, Hawaii
17.jpg

18.jpg

Yarlung Zangbo Grand Canyon - Tibet, China
19.jpg

20.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кањон е многу тесна, длабока долина направена од река низ отпорна карпа и има стрмни, речиси вертикални страни. Кањоните најчесто се појавуваат во суви или полусуви региони. Некои кањони (на пр., Големиот Кањон) се спектакуларни природни карактеристики.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Македонскиот „Гранд кањон“

На помалку од 20 километри југозападно од Скопје, Кањонот Матка е идеално место за проучување на зелените македонски пејзажи.
Кањонот, кој се протега на околу 5.000 хектари, е преполн со пештери, патеки за пешачење и бистри, брзи реки -- рај под отворено небо.
Карстните пештери се растурени низ целиот кањон, од кои некои се долги и повеќе од 100 метри. За ентузијастите по спелеологија -- проучување на пештерите -- локалните чамци прават тури низ подземните реки секој ден, така што посетителите може да ги погледнат варовничките сталактити и сталагмити.
Љубителите на вода може да уживаат во возењето кајак во блиската река Треска. Местото е познато по своите можности за слалом во диви води. Таму се организираат бројни меѓународни и регионални шампионати во возење кајак.
„Матка е, исто така, македонскиот збор за „матка“. Прекрасниот женски манастир во близина на кањонот на реката [Tреска] -- кој драматично ги расцепува гранитните карпи -- го добил името по Марија, мајката на Исус, и е посветен на мајките „од кои тече целиот човечки живот“, се вели на македонскиот национален туристички портал.
DIMITARphoto2.jpg

Шетачите можат да се качуваат по високите карпести ѕидови
Манастирот Матка, познат и како Св. Богородица, кој се наоѓа на брегот од реката Треска, има фрески кои датираат од 15-тиот век, според Adventure Guide Macedonia.
Неколку други манастири и цркви може да се најдат близу кањонот, како што е манастирот Св. Андреј, кој се смета дека датира од крајот на 1300-тите години.
Уметноста и религијата не се единствените работи кои виреат во Кањонот Матка. Топлата медитеранска клима создава услови за најразлична флора и фауна.
Десетици ендемични ноќни и денски пеперутки летаат во околината. Исто така, има ретки видови лешинари и орли, и ноќни суштества кои се претежно непознати во ентомолошката заедница.
За оние кои сакаат да ја истражат Матка, и да ги ѕирнат уникатните животни што се кријат во шумите и околу каменестите пејзажи, десетици пешачки патеки се свиваат и испресекуваат низ кањонот. Шетачите кои трагаат по малку поголем предизвик можат да се качуваат по високите карпести ѕидови. Има патеки за неискусни планинари, како и за експерти.
Посетителите обично го завршуваат денот со вкусна храна на терасата од ресторанот на хотелот Матка, гледајќи во езерото на кањонот.
Скопје го смета Кањонот Матка за „споменик на природата“ од 1990-тите.