Категоризација на хотели

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Една ѕвезда

Хотелите категоризирани со една ѕвезда обично се мали или средни. Сместени се на атрактивни локации со умерени цени. Услугите вклучуваат телефони и телевизори во собите, а некои од овие хотели имаат и ресторани.

Две ѕвезди

Хотелите со 2 ѕвезди се обично управувани од страна на сопствениците. Овие хотели имаат 2-4 спрата. Сместени се најчесто на главните улици и крстосници. Мебелот и останатиот намештај се чисти и собите се добро средени. Многу од овие хотели немаат свои ресторани, но во близина има многу ресторани.

Три ѕвезди

Хотелите со три ѕвезди нудат пространо сместување кое се одликува со добро опремени соби, со средени дворови, но хотелските услуги не вклучуваат собари.
Во склоп на хотелот има и ресторан од средна класа кои се отворени од појадок до вечера.
Некои хотели се со сопствен паркинг, фитнес центри и базени.

Четири ѕвезди

Овие се најчесто големи хотели. Најчесто се наоѓаат блиску до шопинг центрите и некои други атрактивни места. Собите се добро средени и осветлени. Обично се јаде во ресторанот на хотелот. Послугата во соба е достапна во текот на целиот ден. Има сопствен паркинг, фитнес центри, еден или повеќе базени и на услуга секогаш има рецепционер.

Пет ѕвезди

Во хотелите со пет ѕвезди се нуди исклучиво највисок квалитет на смештај и услуги. Ваквите хотели нудат лични услуги. Просториите на хотелот се украсени и декодирани со елегантен мебел и квалитетна постелнина. Услугите најчесто вклучуваат DVD и CD уреди, интернет пристап, масажа, библиотека, топли базени итн. Хотелите имаат до три ресторани, сите со богато мени. Собната услуга е на располагање 24 часа. Достапни се и фитнес и СПА центрите, паркинг гаража. На целодневна услуга е и рецепционерот.

Единствениот хотел со 7 ѕвезди


Дали ви е важно во каков хотел одите и што се има во него?

До сега во какви хотели сте биле и дали сте биле задоволни од услугите на хотелот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Важно ми е во хотелот да има убаво WC и кревет за спиење, друго ништо :) Е сега нека има и базенче, џакузи, ова-она да се релаксираш малце ама и немора, ако си на море не ти требаат тие работи.
Не одбивам и некое добро хотелче со 5 ѕвездички, ама и тие со 1 доволни ми се.
Сум била во хотел со 3 ѕвезди и онака многу ме бендиса, се чувстував како дома..многу имаше добра атмосфера. И во Инекс Горица (Охрид) со 5 ѕвезди сум била на 1 вечер ноќевање ама не ми беше нешто нај нај..можда во другите земји се поубави хотелите со 5 ѕвезди.
Во Банско има едно хотелче со 4 ѕвездички (клик) таму па преубаво си поминав..задоволна бев премногу.
Иначе овој хотелов во Дубаи, стварно е преубав однадвор, ама внатре ми се допаѓаат само базените, џакузите и тие работи а друго ми е пре кич..ама ај...арапски стил :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: drugarki, Marick14 and 4FUN

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
секој би посакал да биде во луксузен хотел, но во зависно од чергата толку ќе си ги пружиш нозете :)
Се согласувам:)
Инаку јас сум имала прилика до сега да посетам хотели со по 3 ѕвезди (Десарет во Охрид и еден во Будимпешта) и бев задоволна од услугата а и од јадењето. Си имаше кревети,плакарче,телевизор,тоалет,тераса, храната беше убава (освен во Будимпешта кај што имаше Шведска маса и немаше баш избор). И во двата хотели бев на есен така да немав потреба од клима. Инаку незнам зашто за на одмор толку сите бараат да се има клима кај сместувањето,кога и така во соба се вратат само за спиење и после плажа додека се спремат за искачање,а тогаш не е жешко:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi