Незнам која е оваа религија,која црква,но мали деца да организираш да идат во летни кампови каде ке ги облечеш во маскирна облека,ке ги учиш да пеат патриотски песни,да се молат,да учествуваат во литургии насред шума,и најгрозното нешто,да ги учиш да војуваат!????Наводно овој камп го организирала Српска вистинска православна црква,некои си православни фундаменталисти,кои се поврзани со други вакви групи во Русија и Грчка.Нивен знак е црно знаме на кое пишува Православие или смрт.Деца мали да учат да пукаат со калашникови,војна обука,па боже мој, мисли ли некој на нивното ментално здравје,да им ја развиваш ратоборноста,склоноста кон оружје?Калашниковите не се вистински туку направени верни копии со иста тежина а наместо куршуми пукаат со пластични топчиња,безбедни за да не се повредат.Какви ли се тие родители што ги пуштаат децата на вакви гнасни обуки,наместо да спортуваат или да учат други вештини?До каде се искачи идиотизмот на човекот?Каде се државните органи да проверат и испитаат вакви организации?Зарем не е ова манипулација со малолетни лица?