Како да си помогнете да ви биде полесно на стомакот по прејадување?

ducevdragce

Нов член
31 јануари 2017
7
1
3
На сите ни се има случено да ја изгубиме самоконтролата пред трпеза полна со вкусни деликатеси и потоа да се соочиме со физичките последици од прејадувањето. За време на празниците, кога масите се преполни со јадења во текот на целиот ден, многу лесно може да се случи да претерате со храната. 01 (1).jpg
ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ВЕДНАШ?
Џвакајте ѓумбир или напијте се чај од ѓумбир. Докажано е дека ѓумбирот е ефективен природен лек при нагони за повраќање, гасови, подуеност и стандардна болка во стомакот. За најбрзи резултати, едноставно земете парче ѓумбир и џвакајте го. Доколку не можете да го поднесете силниот вкус на ѓумбирот, не мора да го консумирате сиров, туку направете си чај од ѓумбир.

Почестете се со чај од нане. Нашите баби и мајки имаа право, чајот од нане е спасител при болки во стомакот, подуеност и грчеви.

Или пак со чај од камилица. Ако не ви се допаѓа чајот од нане, можете да го замените со чај од камилица. Смирувачкото дејство на камилицата ќе ве релаксира и вас и вашиот стомак.

Одете на прошетка. Не легнувајте веднаш по обилен оброк. Победете ја потребата за мрзеливо излежување и одете на лежерна прошетка. Движењето ќе му помогне на телото полесно и побрзо да се справи со консумираната храна.
02 (1).jpg
 
Последна промена од модератор:

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Работата е да не дојде да си помагаме одкога ќе се прејадеме , како прво не е здраво за желудникот кој тешко го вари сето тоа и му треба повеќе време , со многу здрави комбинации можеме да ја задоволиме потребата за исхрана со тоа што ќе ни бидат внесени потребните протеини ,јаглехидрати итн , не е здраво да се налупаш 3 кила месо ,2 леба и 2л кока кола ,а после тоа да не можеш да дишиш , се што е умерено е прифатено баш како што треба од организмот и не прави додатни проблеми и потешкотии :kafe(muscle)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ducevdragce

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43

Еј, Америка ја откри, море знаееееееење:rofl:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па сега јас кажав коректно како што е ,барем така функционирам јас ,а ако имаш некој нутриционистички совет кажи слободно ,ако мислиш дека сум грешка ..
 
misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Па сега јас кажав коректно како што е ,барем така функционирам јас ,а ако имаш некој нутриционистички совет кажи слободно ,ако мислиш дека сум грешка ..
Грешка си само во запирката, другото ти е во ред..се надевам и фудбалот:D
 
Muharem

Член со 30 казнени поени
30 август 2013
11
3
603
73
Najdobro da si pomognete da vi bide polesno na stomakot e da ne se prejaduvate!