Posle 21god. vo brak ,ako toa moze da se narece brak ,iako sumljav site tie god. najposle prizna deka e gej.Vistinata boli.Kolku sum povredena ponizena toa ne mozam da opisam . iako dlaboko vo dusata znaev deka e taka Sto da pravam ,a imam dve veke vozrasni deca , a samo jas sum zaposlena.Od toj den jas so nego voopsto ne razgovaram
.
Прашањето е: Како да се живее со човек кој ве лажел целиот ваш заеднички живот..
Можете да му простите (милувам да кажам:да го разберете), да продолжите да живеете заедно како пријатели во име на вашите деца, долгогодишниот брак и доколку ви е битно- другите луѓе од околината и фамилијата. Можеби не ни бил свесен за својата ориентација кога сте стапиле во брак, можеби не сакал да си признае ни самиот себе си, подоцна од страв или од срам не сакал ниту вие да знаете.. како и да е да бидеш хомосексуалец во нашава средина не е лесно.. бракот можеби му бил некоја маска за околината а можеби и само залажување на себе си. Разговарајте, побарајте од него да ви зборува за своите стравови, за желбите кој можеби ги поттиснувал во себе целото време.. тоа дека не ве посакува како жена не мора да значи дека не ве почитува како личност можеби само не знае како да се отвори.. Тешко е да му бидеш пријател на човекот кој не е тоа што со години сте мислеле дека е, она што сте очекувале да ви биде, но секоја приказна има две страни.. прво дознајте ја неговата потоа полесно ќе сфатите што всушност САКАТЕ да направите наместо што другите мислат дека ТРЕБА да направите..
Можете да се разведете/разделите но разговарајте и со децата, ќе се осмелам да ве советувам да не се прикажувате себе си како жртва цело време пред нив, сепак и тој им е родител и тие имаат право САМИ да го оформат своето мислење за целата таа ситуација кога веќе се доволно возрасни..
Како и да е.. се што напишав се само неколку претпоставки кои би можеле воопшто да не се точни, сепак секој човек е единствен сведок на својот живот, секој брак е приказна сама за себе..