Интересно е тоа што многу луѓе кога ќе ги прашате за својата кола, компјутер или за козметичките препарати знаат да ви кажат многу детали а незнаат скоро ништо за својот психотерапевт, доктор , психолог, психијатар.
Ако ги прашаме за квалификацијата тешко дека ќе ви ја кажат и разликата помеѓу психотерапевт, психолог, психијатар.
Овде накратко ке ви ја опишеме оваа разлика и ке можете во иднина да побарате помош на соодветно место.
Или би оделе?
Дали во Македонија има добри психолози/психијатри/психотерапевти?

Ако ги прашаме за квалификацијата тешко дека ќе ви ја кажат и разликата помеѓу психотерапевт, психолог, психијатар.
Овде накратко ке ви ја опишеме оваа разлика и ке можете во иднина да побарате помош на соодветно место.
- Психолог – Задолжително имаат минимум 4 годишно високо образование. Постојат различни профили : детски психолог, социјален психолог, клинички психолог, судски психолог и др.
Важно е да знаете дека психологот нема право да ви препишува лекарства. - Психотерапевт-задолжително се дипломирани психолози или психијатри и завршена специална психотерапија. Обично тоа се дополнителни 3-5 годишни програми. Во овие програми задолжително психотерапевтот поминува определен број часови лично искуство т.е. психотерапија.
- Кога избирате психотерапевт треба да знаете каква терапија тој спроведува, да ви објасни за терапијата.
- Психијатар- имаат диплома по општа медицина и специјализација - Психијатрија. Во случај да решете да изберете психијатар треба да знаете дека тоа е работа со двајца специјалисти : психијатар кој ќе ви ги препише медикаментите и психотерапевт со кој ќе ја спроведувате психотерапијата. Во светот не се препорачуваа овие две функции да ги спроведува едно лице.
Важното е да знаете дека никој друг лекар нема дозвола да ви препишува лекарства за вашето ментално здравје освен психијатар.
Или би оделе?
Дали во Македонија има добри психолози/психијатри/психотерапевти?