КРАТКО И ЈАСНО 20 ТЕ ГРЕВОВИ

marjan stamenkovski

Нов член
8 јуни 2013
8
1
1
48
kriva palanka
КРАТКО И ЈАСНО 20 ТЕ ГРЕВОВИ НА ОВАА ВЛАСТ
21:47
Marjan Eko Stamenkovski
1. Мартинее ДАЈ ДРУГО ДЕТЕ!( Кадрите ги менуваат како чорапи од избори до избори а избори ги јаде револуцијата зашто ако си член на партијата повеќе од една година ти веќе си ветеран и нема за тебе повеќе иднина во партиските структури).
2. Постојано тие одат напред ама во место како на трака за трчање ЛЕТ ВО МЕСТО е нивната омилена максима.
3. ВОЛУНТАРИЗМОТ. 28000 македонци волонтират во јавните и државни институции повеќе од 4 години не земаат плата постојано се надеваат а работа не добиваат во последните три изборни циклуси беа најактивната партиска машина за да се докажат и да измолат вработување...но веќе стануваат досадни баласт за Партијата и Лидерот слушам дека од септември ке бидат укинати ке можеле да волонтираат само студенти без никаков паричен надомест знаеме новата лага ќе биде 1600 вработувања во јавниот сектор од социјалните случаи.
4. Уништување и подјармување на МЕДИУМИТЕ тука сешто се случуваше зар има потреба за тоа да се елаборира А1 настаните од 24 декември препродавање на Алфа ТВ и стотици други случаеви...
5. Лажна Економска Надеж "САМО ШТО НЕ НИ ТРГНАЛО" Xaxaxaxa да го спомнеме СУБРАТА РОЈ и КАРЛОС СЛИМ и да одиме на наредната точка.
6. Лажните Рамковни вработувања па демек албанците се вработувале седеле дома и земале плата се знае за над 1400 македонци кои истотака седат дома и земаат плата го препродале националниот идентитет пишани се како Ромки Влаинки Турчинки и Албанки-ци.
7.Оние грабааа под плаштот на приватизацијата овие грабаат директно од џебот на народот( увоз на половни автомобили продажба на дворови ...)
8. Ликвидирање на неактивните фирми 86000 такви претпријатија те викаат да дадеш изјава дека сакаш да ја затвориш бидејќи никогаш и не си ја работел и тие ти земаат 55 евра за да те спасат ???
9. Лажниот НОВ БРАН од лани (порано партискиот активист бил директор на јавно претпријатие сега е заменик директор и советник еден нов бран да се чудиш)
10. Досега незабелаежаното во светските анали скоро безобразно користење на ОНИЕ служби во внатрешни цели за одржување на режимот посебно делот на прислушување на мобилната или интернет комуникација и посебно софистицираниот метод на принуда закана и убедување.
11. Промени во комплетната историја со замена на делови или бришење на историјата од раниот 20 век(1941-1990 г) а враќање на Династиите на Александар и Аминта со познатата и глупава АНТИКВИЗАЦИЈА.
12. Скопје 2014 година. Има ли потреба од коментар тука? За овој дебилен вон памет прескап проект.Алооо не ни се допаѓааааа....
13. Ова го пишува член на Партијата од 1994 година(оттогаш е полнолетен) има ли поголем грев да натерате активист на виделина да вади вистини кои член не би ги ни помислил но поради никаквиот однос на партијата спрема граѓаните а посебно кон чесните членови еве го ПИШУВА.
14. Со сила туркање на неизводливи проекти(патриотски каси втор дел,купи куќа купи стан,совет на станари по зградите па тие да формираат здруженија и слични глупости)
15.Стравот да имаш сопствен СТАВ и да го изразиш слободно без при тоа да не си закачиш на врат некаква инспекција или наместена сообраќајка денес изгледа само ако немаш семејство или помалце си луд зборуваш слободни и без авто цензура.
16.Преголемата слобода на извршителите и нотарите нивниот однос кон клиентите е безобразен и крвнички а тоа законите донесени од оваа власт им го овозможуват.
17. Бандитскиот однос на ЕВН и Регулаторната комисија со цените на нафтените деривати а познатата ангажираната моќност од 33,33% која е комунистички рецидив се обични школски примери на пљачкање на сопствениот народ.
18. Идиотите на раководните места во трите ешалони дополнително носат во себе еден куп гревови(продавање на работни места за пари или љубов,фалц фактури за некаква си завршена работа и мал милион други софистицирани начини на дерење н претпријатијата)
19. Затоа што во коалиција се со гнасни профитери Зинго,Амди Бајрам, Павле Трајанов Љиљана Поповска и со терористите од УЧК...
20. За екстерните полагања за понижувањата на докторите,за новата здравствена исправа електронската која прво требаше да е безплатна а сега чини 250 денари и уште многу многу други ама Народот избра Народот е во право и кога греши...или Какво тенџере такво капаче ???
А еве и неколку вистини во продолжение
- Додека народот спие властта краде и во трета смена.
- Беше млад имаше идеали подоцна ги продаде за медали.
- Нека се живи и здрави идните поколенија тие ќе ги враќаат нашите задолженија!
- Поскапеле јајцата? Па нормално кој жив има ЈАЈЦА да зборува против властта???
- Ви ослабела меморијата господине Министер е така е кој да ги памети сите оние партии што ги сменивте?!
- Мама,тато,бато,дада,баба,зетката сите на добри државни работни места а кучето што ви лае пред врата? Нема кој и нему коска да му фрли за да заќути и да преде како маче...
- Имате нечиста совест? Епа го затворивте Охис нема повеќе ни ГОНГ а ни БИЛЈАНА да ви ја испере...
- Партијата стана ДВИЖЕЊЕ да вие се движите во погрешна насока.
- Сместете ме во ЛУДНИЦА сакам и јас во оваа држава да се чувствувам НОРМАЛЕН.
- Има многу волонтери во Македонијава нив риболовците нагалено ги викаат МАМЦИ за поголемите риби.
- Не ја разбирам потребата за прогласување на државни празници кога и онака преку цела година никој ништо не работи.
- Врти шефот на заменикот..Мартинее дај друго дете она од синојќа веќе заработи милион евра доста му се....