Познатата народна „А бре, Македонче“ настанала во Прилепско од авторите Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски-Оцка, и тоа само два месеца пред официјалната химна „Денес над Македонија“, открива историчарот Рубин Белчески. Тој негодува што песната често се пее од навивачките групи на спортските натпревари за да поттикне добра игра и победа, но, за жал, таа се злоупотребува преку измени на текстот
НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ПОПУЛАРНАТА ПЕСНА
Нови податоци за песната „А бре, Македонче“, која редовно предизвикува непријателство на навивачките спортски терени поради интервенции во првобитната содржина, открива историчарот од Прилепскиот завод и музеј, Рубин Белчески. Тој смета дека е потребно да се откријат деталите за тоа како и од кого настанала оваа народна патриотска песна, да се истакне нејзиното значење и да не се злоупотребува на спортските терени предизвикувајќи меѓуетнички судири.
- Иако во некои записи стои дека песната „А бре, Македонче“ е пишувана во Прилепско, првпат обелоденувам дека автори се Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски-Оцка. Јавноста не го знае овој податок. Младите генерации треба да знаат што ни се случувало во минатото и колкав придонес дале одредени личности - вели Белчески.
Тој негодува што песната често се пее од навивачките групи на спортските натпревари за да поттикне добра игра и победа, но, за жал, често се менува текстот.
- Тоа доведува до непријатни ситуации и до нарушување на меѓунационалните односи. Ако знаеме дека тие односи се многу кревки, се надевам дека во иднина тоа нема да се прави, бидејќи од она што ни се случуваше во 2001 година сите треба да земеме поука - објаснува Белчески, истакнувајќи дека денес, кога Македонија се соочува со проблемот за влегување во НАТО и во ЕУ, поради своето вековно име, оваа песна уште повеќе добива на значење.
- Создадена е пред 70 години, а зборува за тоа дека „македонско име нема да загине“ - опаснсот со која сé уште се соочуваме - вели Белчески.
Химната на партизанското движење во Македонија, познатата „А бре, Македонче“, која во литературата се сретнува и како народна патриотска песна, била напишана во Прилепско два месеца пред македонската химна, „Денес над Македонија“ од Владо Малески. Создадена е во периодот од 23 октомври до 8 ноември 1941 година, кога ја има и својата прва изведба во селото Царевиќ, на првиот митинг во поробена Македонија.
Белчески вели дека хроничарите за НОБ, Коце Солунски и Љубен Георгиески-Љупта, во своите искажувања за формирањето на првиот прилепски партизански одред и неговото дејствување, зборуваат меѓу другото и за создавањето на песната.
- Формирањето на првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ се случило на 23 октомври 1941 година во месноста во близината на манастирот во селото Степанци. Тројца борци добиле задача да создадат песна, што ќе биде химна на одредот и со која треба да се издигнува борбениот морал на борците, а воедно, да се поттикнува населението за вклучување во партизанското движење. Задачата им била доверена на Крсте Црвенкоски (1921-2001 г.), Коле Чашуле (1921-2009 г.) и Ордан Михајлоски-Оцка (1921-1942 г.) - посочува историчарот Белчески.
Според него, Крсте Црвенкоски како политички комесар на одредот имал задача да испрати порака до борците и народот за помасовно учество во борбата. Коле Чашуле, со своето даровито писателско перо, дал придонес во создавањето на песната, а пак Ордан Михајлоски-Оцка, талентиран и образован виолинист, учествувал во создавањето на музиката за песната.
Досега песната претрпела одредени корекции на стиховите, но не загубила од првобитното значење и таа сé уште се пее.
- Песната се пеела во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година, по сценарио на Владо Малески, а во режија на Војислав Нановиќ. Застапена е и во македонскиот филм „До победата и по неа“ од 1966 година, на режисерот Жика Митровиќ, а по сценарио на Симон Дракул. Во дует ја имаат снимено Никола Бадев и Александар Сариевски, а мешаната група и народниот оркестар на „Танец“ ја имаат снимено на ЛП-плоча во 1973 година во издание на РТБ. Песната е преработувана и интерпретирана во инструментална верзија од Влатко Стефановски и групата „Леб и сол“. Објавена е и во албумот „Лајв ин Маседониа“ од 2006 година - раскажува Белчески.
Оваа композиција во форма на артефакт е сместена во меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп, каде што посетителите, особено учениците, добиваат сознанија за тоа како настанала.
- Учениците не се доволно информирани. Ги поттикнуваме младите да го запознаваат нашето минато. Со навидум обична песна, кај учениците развиваме љубов кон музиката, литературата, поезијата, филмот, историјата, го зајакнуваме духот и ги развиваме и патриотските чувства кај младите - истакна историчарот Белчески, кој работи во музејот.
Првата верзија на
,,А бре, Македонче“
А бре, Македонче, каде се спремаш?
Бојот те чека, бој за слобода.
Бој за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.
Мажи накитени, жени наредени,
в борба ми одат, борба за слобода.
Нека разберат денешните тирани,
Македонско име нема да загине!
Рубин белчевск изаборавил да споемене дека првичното име на оваа песна е Ајде браќа партизани и еве експлузивн оза вас вторито дел од песнат ,, објавен сам отукаи кај мене на профил ...

ајде браќа партизани
да слеземе во град прилеп
каде плачат наши мајки
наши мајки, наши сестри
наши блиски пријатели
од фашизмот угнетени
да слеземе во град прилеп
по фашисти да удриме
да научат во софија
како врви кој крв лее
во земја македонска
што не трпи злосторници ...