Искуства со авиокомпании

Вашето искуство со WizzAir?

  • не сум задоволен од услугата и цената

    Гласови: 0 0.0%
  • не планирам да се возам со оваа авиокомпанија

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    3

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Би сакала на оваа тема да дадеме свои искуства за авиокомпаниите,негативни или позитивни.
Прашања и совети за летови на различни линии.
Моите досегашни искуства биле со Adria Airways ,Air France ,Swiss Airlines,Meridiana,Ryanair и до сега сите позитивни.Со одлични услуги и прикладни цени.
S5-AAS-Adria-Airways-Airbus-A320-200_PlanespottersNet_284771.jpg

Swiss-Airlines-promotional-voucher-2014-up-to-%E2%82%AC55-discount-on-flights.jpg

(овие се мои слики,клик на сликата да се зголемат на цел екран)
IMG_0480.JPG IMG_0460.JPG IMG_0485.JPG IMG_1352.JPG IMG_1349.JPG ital.jpg
Би сакала да слушнам за искуства со WizzAir
800px-Whizzair.a320-200.lz-wza.fromrear.arp.jpg

,дали сте патувале ,какви ислуства сте имале?
Гледам има ''ефтини'' карти,но кога ќе израчунаш со дополнителните такси и не се баш ефтини за нискобуџетна компанија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во Рајанер нема услуга :zelen освен самиот лет, сега засега го товарат сами багажот но можно е еден ден за да скратат трошоци да воведат патниците сами да си го товарат багажот :cool:
Со Адриа имам патувано, мислам дека беше Бомбардие (Канадер) ЦРЈ-200, мал авион околу 50-60 седишта 2+2 конфигурација, далеку најдобар впечаток досега. Луфтханза и Б-747 најскромен впечаток, тесно, темно и сомнителни стјуардеси (think) ок и Рајанер ама барем со нив знаеш на што си однапред. Осталите со кои имам патувано горе долу стандард...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Со Адриа највеќе имам патувано и најзадоволна сум.Кога летам со нив се чувстувам најбезбедно,даваат и оброк и пијалоци,стјуардесите се прекрасни.
Да,за Луфтанза го делам мислењето... кога летав со нив имаше мн турболенции страв да те фати-језиво.
Инаку дајте споделувајте мислња за WizzAir сакам да летам со нив ама нешто не ми дава :D
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Wizzair - малтене слично на RyanAir со тоа што во Ryan кога имаш Priority boarding не влегуваат останатите додека ти не се сместиш. Во Wizzair со Priority се движиш прв до влез во авион и после пак тепачка. Во поглед на комотност Wizzair е нешто ситно покомотно од Ryanair и не мириса до толку на пластика. Генерално ок со исклучок последниот пат тргнавме по писта, застана, 2 саати бевме во авион после не вратија на аеродром уште 6 саати, ни дадоа на 2 пати купон од по 5 евра - со кој не можеш да си дозволиш ни сендвич и не вратија назад во истиот авион откако го поправија. Секако, мој совет, задолжително priority boarding во low budget.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi