Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Се вика Марта, а јас не знам како да ја раскажам. Не знам од каде да почнам. Не знам ни зошто воопшто посакав да ја раскажам. Ама ете, посакав. Можеби зашто сакам да ја разберам. Зашто подолго време се обидувам да ја разберам. И да ѝ го најдам вистинскиот лик, поточно да ѝ го определам вистинскиот лик. Да, затоа.

Се вика Марта. Прво што ми паѓа на ум кога помислувам на неа се нејзините ситни очи. Има навистина ситни очи. Веројатно заради некаква потребна рамнотежа на нештата. Би било премногу кога покрај нагласените усни, на кои речиси никогаш не става кармин, би имала и крупни очи. Има и кратки трепки и румени образи. Кога од студот, кога од жештината, кога од нежноста и срамежливоста.

Се вика Марта. Се движи по крајот на улицата, никогаш по средината. Спокојна е кога поминува незабележана. Понекогаш ми се чини дека се пика некаде под илјада оклопи само за да остане подалеку од лепливите погледи. Не сака лепливи погледи. Ниту продорни испитувачки погледи. Такви кои сакаат сѐ да дознаат, сѐ да наслушнат. А повеќето се такви. Се втурнуваат во очите сакајќи на сила да влезат чекор повнатре. Хм, можеби затоа нејзините очи се ситни.

Се вика Марта. Се распаѓа на безброј делчиња на крајот на секоја есен. Потоа ги собира едно по едно обидувајќи се да ги состави во точната слика. И додека срцето забрзано ѝ оттчукува во грлото, таа ги одбројува минутите до следниот здив.

Се вика Марта. Умира по малку секоја зима.

Се вика Марта. Ја чека пролетта за да успее повторно да се роди.

[QUOTE="lady_blue, post: 77516, member: 67"] Се вика Марта, а јас не знам како да ја раскажам. Не знам од каде да почнам. Не знам ни зошто воопшто посакав да ја раскажам. Ама ете, посакав. Можеби зашто сакам да ја разберам. Зашто подолго време се обидувам да ја разберам. И да ѝ го најдам вистинскиот лик, поточно да ѝ го определам вистинскиот лик. Да, затоа. Се вика Марта. Прво што ми паѓа на ум кога помислувам на неа се нејзините ситни очи. Има навистина ситни очи. Веројатно заради некаква потребна рамнотежа на нештата. Би било премногу кога покрај нагласените усни, на кои речиси никогаш не става кармин, би имала и крупни очи. Има и кратки трепки и румени образи. Кога од студот, кога од жештината, кога од нежноста и срамежливоста. Се вика Марта. Се движи по крајот на улицата, никогаш по средината. Спокојна е кога поминува незабележана. Понекогаш ми се чини дека се пика некаде под илјада оклопи само за да остане подалеку од лепливите погледи. Не сака лепливи погледи. Ниту продорни испитувачки погледи. Такви кои сакаат сѐ да дознаат, сѐ да наслушнат. А повеќето се такви. Се втурнуваат во очите сакајќи на сила да влезат чекор повнатре. Хм, можеби затоа нејзините очи се ситни. Се вика Марта. Се распаѓа на безброј делчиња на крајот на секоја есен. Потоа ги собира едно по едно обидувајќи се да ги состави во точната слика. И додека срцето забрзано ѝ оттчукува во грлото, таа ги одбројува минутите до следниот здив. Се вика Марта. Умира по малку секоја зима. Се вика Марта. Ја чека пролетта за да успее повторно да се роди. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom