Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Никогаш не ги видов мразулците на мојот покрив, кои уморно висеа чекајќи да стигнат до својата бара.

Испукани усни, и посинети дланки немав. Долг топол капут не облеков. Мирис на цимет не почувствував. И никогаш не зачекорив по беспрекорната белина, за да оставам траг.

Па нека е така, но неможев да видам.

Никогаш не го видов есенскиот дожд, ниту го слушав на прозорците мои. Никогаш не дозволив да потече по моето тело, умирајќи од студ.

Костените кои порано ги купував само за да уживам во нивниот мирис а не да ги јадам, беа заборавени. А тивките ноќи со гитара веќе не постоеја.

Па нека е така, но неможев да видам.

Никогаш не ја почувствував топлината на златното сонце, или бев заслепена од секој негов нов зрак. Не купив млеко со мирис на кокос, и книга која никогаш не ја читав на плажа. Вкусот на ладно мохито веќе не го посакував, ниту ме привлекуваше испотено шише од пиво.

Па нека е така си велев, но неможев да видам.

Живеев во неговата пролет. Заробена во неговата пролет. Опкружена само со мириси на цветови во пролет, и ништо друго. Ниту да видам, ниту да чујам. Го слушав само неговиот глас, и неговата тишина. Мојата тишина веќе беше и негова. Мојот глас веќе не се ни слушаше.

И велев, па нека е така... во себе.

Но кога дојде следната зима го почувствував тој студ, го најдов мојот омилен џемпер и си направив чај со цимет. Неговиот глас не го слушав, мојата тишина се претвори во убави гласови а цвеќињата веќе мирисаа на старо и исушено. Впрочем од секогаш биле такви но јас не видов. Ете, не видов.

И ми беше убаво. Можев да уживам во ладниот воздух и да го гледам секогаш кога ќе ја отворам устата. И можев да си играм, и да не бидам спречена. Можев и да направам снешко ако сакам, на местото каде никнеа лалињата. И убаво ми беше.

И пропуштените годишни времиња дури можам да ги вратам ако посакам. И сонцето можам да го натерам да излезе ако посакам. И костени да купам и никогаш да не ги изедам, туку да ги мирисам. И да плачам кога ми се плаче, и да се радувам на ситни нешта. Да се задоволувам со никотин и да уживам во кафе по полноќ. Да живеам во моите четири годишни времиња, и да заробам кого сакам во нив.

Сега можам се'. И затоа ми е убаво. Ете, затоа.

[QUOTE="Aleksis, post: 303691, member: 2736"] Никогаш не ги видов мразулците на мојот покрив, кои уморно висеа чекајќи да стигнат до својата бара. Испукани усни, и посинети дланки немав. Долг топол капут не облеков. Мирис на цимет не почувствував. И никогаш не зачекорив по беспрекорната белина, за да оставам траг. Па нека е така, но неможев да видам. Никогаш не го видов есенскиот дожд, ниту го слушав на прозорците мои. Никогаш не дозволив да потече по моето тело, умирајќи од студ. Костените кои порано ги купував само за да уживам во нивниот мирис а не да ги јадам, беа заборавени. А тивките ноќи со гитара веќе не постоеја. Па нека е така, но неможев да видам. Никогаш не ја почувствував топлината на златното сонце, или бев заслепена од секој негов нов зрак. Не купив млеко со мирис на кокос, и книга која никогаш не ја читав на плажа. Вкусот на ладно мохито веќе не го посакував, ниту ме привлекуваше испотено шише од пиво. Па нека е така си велев, но неможев да видам. Живеев во неговата пролет. Заробена во неговата пролет. Опкружена само со мириси на цветови во пролет, и ништо друго. Ниту да видам, ниту да чујам. Го слушав само неговиот глас, и неговата тишина. Мојата тишина веќе беше и негова. Мојот глас веќе не се ни слушаше. И велев, па нека е така... во себе. Но кога дојде следната зима го почувствував тој студ, го најдов мојот омилен џемпер и си направив чај со цимет. Неговиот глас не го слушав, мојата тишина се претвори во убави гласови а цвеќињата веќе мирисаа на старо и исушено. Впрочем од секогаш биле такви но јас не видов. Ете, не видов. И ми беше убаво. Можев да уживам во ладниот воздух и да го гледам секогаш кога ќе ја отворам устата. И можев да си играм, и да не бидам спречена. Можев и да направам снешко ако сакам, на местото каде никнеа лалињата. И убаво ми беше. И пропуштените годишни времиња дури можам да ги вратам ако посакам. И сонцето можам да го натерам да излезе ако посакам. И костени да купам и никогаш да не ги изедам, туку да ги мирисам. И да плачам кога ми се плаче, и да се радувам на ситни нешта. Да се задоволувам со никотин и да уживам во кафе по полноќ. Да живеам во моите четири годишни времиња, и да заробам кого сакам во нив. Сега можам се'. И затоа ми е убаво. Ете, затоа. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom