Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

@ на сите кои ќе се препознаат

Таа беше темнина. Животот ја создаде таква.Таа можеше да направи се, освен да биде среќна. Таа зборуваше и кога молчеше.

Таа беше и маж и жена секогаш кога мораше да биде, а најмногу само сакаше да биде жена и ништо повеќе од тоа.

Со годините се трудеше да ја убие жената во себе и до некаде успеваше во тоа. И тогаш кога помисли дека се смири во својата тага и кога со сигурност се прогласи мртва, не беше така.

Мртва сум -секој ден повторуваше.

Секое утро ги прецртуваше деновите на календарот со некаква леснотија и скриена радост како чекирање на карта во еден правец надвор од пеколот.

Имаше задача, таа сепак мораше да си ја исполни задачата која и беше доверена пред 15 години. Никој неможеше да го стори тоа наместо неа.

Понекогаш тивко низ усни ќе процедеше за себе-Има ли крај, Господе?

Годините поминуваа, ја изветоперуваа, но душата беше се попразна. А таа душа имаше место да го збере цел свет. Кога би почнала да раскажува каде се била и со кого вечерала, и секогаш иста, скромна ,понизна.

На мравките се поклонуваше, лавот го гледаше во очи без страв,дрвјата ги гушкаше. Луѓето ја гледаа чудно кога во паркот ги гушкаше дрвјата. и ја прашуваа. Таа ќе им шепнеше , па дрвјата нема кој да ги гушка, морааат на едно место да стојат цел живот...

Порано таа сонуваше,трудејќи да си ги исполни соновите. Навистина и се исполнија соништата ,освен еден-да биде среќна жена.

И како што Ви реков дека кога беше убедена дека и мртва може да се живее, и човек може да биде помртов во животот одколку кога е умрен, се појави светлина.

Светлина во човечки облик засветли неповикана, небарана, како гром.

Таа не ја довикуваше,само понекогаш во долгите ноќи скришно ќе се помолеше во себе-Господе, дај ми малку светлина, да видам.

Но, таа не мислеше на човек,никогаш.

Тој не беше свесен дека носи во рацете невидлив факел, дека осветлува, и луѓето го препознаваат. Неговата насмевка гушкаше, а зборовите беа лечебни. Доволно беше само да го гледа. Очите и ги полнеше со убавина. Понекогаш плачеше без причина, од чиста мира, понекогаш само се смееше. И доволно беше, прекрасно беше.

Во ноќите на полната месечина секогаш и недостасуваше. Како плима го поплавуваше нејзиното тело, се будеше како жена. Тоа не беше ниту умно , ниту дозволено. Не беше ниту општествено, а чувај боже -ниту морално оправдано.

Таа сега не беше ниту мртва доволно, ниту жива целосно. Едноставно заглавена меѓу животот и смртта.

Ни таму, ни ваму. Најтешка состојба на душата. Тој секогаш се појавуваше кога беше потребен во нејзините мисли,извираше како поток.

Не беше фер да ја користи неговата светлина за да темнината полесно ја живее. Сто пати го праша дали му е терет. Но тој зачудено ја гледаше, за каков терет зборува кога таа немаше желби, или некои побарувања. Тој само културно така се правеше дека незнае. Тој знаеше се , баш се од нејзиниот живот,па и многу повеќе за неа одколку што таа знаеше за себе.

Таа се чудеше и се прашуваше кој ли можел да го испрати во оваа темнина. Чија ли порака носи?

Но едно знаеше дека ништо не беше случајно. Од кого и да беше пратен, тој успеа да си поигра со неа и да и докаже дека сепак жива е....

[QUOTE="Prashina, post: 301958, member: 3001"] @ на сите кои ќе се препознаат Таа беше темнина. Животот ја создаде таква.Таа можеше да направи се, освен да биде среќна. Таа зборуваше и кога молчеше. Таа беше и маж и жена секогаш кога мораше да биде, а најмногу само сакаше да биде жена и ништо повеќе од тоа. Со годините се трудеше да ја убие жената во себе и до некаде успеваше во тоа. И тогаш кога помисли дека се смири во својата тага и кога со сигурност се прогласи мртва, не беше така. Мртва сум -секој ден повторуваше. Секое утро ги прецртуваше деновите на календарот со некаква леснотија и скриена радост како чекирање на карта во еден правец надвор од пеколот. Имаше задача, таа сепак мораше да си ја исполни задачата која и беше доверена пред 15 години. Никој неможеше да го стори тоа наместо неа. Понекогаш тивко низ усни ќе процедеше за себе-Има ли крај, Господе? Годините поминуваа, ја изветоперуваа, но душата беше се попразна. А таа душа имаше место да го збере цел свет. Кога би почнала да раскажува каде се била и со кого вечерала, и секогаш иста, скромна ,понизна. На мравките се поклонуваше, лавот го гледаше во очи без страв,дрвјата ги гушкаше. Луѓето ја гледаа чудно кога во паркот ги гушкаше дрвјата. и ја прашуваа. Таа ќе им шепнеше , па дрвјата нема кој да ги гушка, морааат на едно место да стојат цел живот... Порано таа сонуваше,трудејќи да си ги исполни соновите. Навистина и се исполнија соништата ,освен еден-да биде среќна жена. И како што Ви реков дека кога беше убедена дека и мртва може да се живее, и човек може да биде помртов во животот одколку кога е умрен, се појави светлина. Светлина во човечки облик засветли неповикана, небарана, како гром. Таа не ја довикуваше,само понекогаш во долгите ноќи скришно ќе се помолеше во себе-Господе, дај ми малку светлина, да видам. Но, таа не мислеше на човек,никогаш. Тој не беше свесен дека носи во рацете невидлив факел, дека осветлува, и луѓето го препознаваат. Неговата насмевка гушкаше, а зборовите беа лечебни. Доволно беше само да го гледа. Очите и ги полнеше со убавина. Понекогаш плачеше без причина, од чиста мира, понекогаш само се смееше. И доволно беше, прекрасно беше. Во ноќите на полната месечина секогаш и недостасуваше. Како плима го поплавуваше нејзиното тело, се будеше како жена. Тоа не беше ниту умно , ниту дозволено. Не беше ниту општествено, а чувај боже -ниту морално оправдано. Таа сега не беше ниту мртва доволно, ниту жива целосно. Едноставно заглавена меѓу животот и смртта. Ни таму, ни ваму. Најтешка состојба на душата. Тој секогаш се појавуваше кога беше потребен во нејзините мисли,извираше како поток. Не беше фер да ја користи неговата светлина за да темнината полесно ја живее. Сто пати го праша дали му е терет. Но тој зачудено ја гледаше, за каков терет зборува кога таа немаше желби, или некои побарувања. Тој само културно така се правеше дека незнае. Тој знаеше се , баш се од нејзиниот живот,па и многу повеќе за неа одколку што таа знаеше за себе. Таа се чудеше и се прашуваше кој ли можел да го испрати во оваа темнина. Чија ли порака носи? Но едно знаеше дека ништо не беше случајно. Од кого и да беше пратен, тој успеа да си поигра со неа и да и докаже дека сепак жива е.... [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom