Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Љубов на друг начин

Додека загризувам во топлиот бел леб само што изваден од фурна чувствувам потреба да го напишам моментот на потполно чувство на љубов.

Ќе напишев безусловна но воопшто не сум сигурна дали тоа беше безусловна љубов.

Сепак љубов и топлина на малку поинаков начин.

Шетав по светлата страна на градот барајќи некој посебен старински прстен направен од старо сребро.

Гледав по излозите на дуќаните

воодушевена од различните мотиви и начини на изработка.

-Навистина убави прстени..

си мислев сосем занесена во глетката пред мене.

Во еден момент пред мене се појави една циганка со три мали дечиња.

Како некој да ме разбуди од некој сон враќајќи ме во реалноста.

Изгледаше тажно.

Во парталави алишта полни со прашина,неисчешлана коса и прљави раце.

Дечињата беа на возраст од 3-4 години.

Весело си играа околу нивната мајка незнаејќи за суровоста на

светот во кој живеат.

За суровоста на нивниот свет.

Ја погледав во очи и во нив видов тага.

Прекрасни зелени очи полни со живот и тага воедно.

Очи од кои зрачеше светлина.

Се запрашав во себе како може од нешто толку незабележливо и отфрлено од цивилизацијата да избива таква светлина?

Некоја скриена внатрешна убавина полна со мистичност.

На лицето створи насмевка.

Како да сакаше да ми каже:

Се разбираме.

Да,се разбравме без и еден збор.

Почуствував потреба да ја заштитам,неа и нејзините дечиња.

Да и помогнам.

Било како,на било кој начин.

Сега во моментот.

Ја отворив ташната и посегнав по новчаникот.

Таа не побара пари од мене,но тоа беше единственото нешто кое можев да и го понудам во моментот.

Барем еден топол оброк за малите ангелчиња со налик на пркосни ѓаволчиња.

Ги извадив сите пари што ги имав во новчаникот и им ги поделив на дечињата.

На сред град,оној дел од градот каде шетаат туристи и граѓани кои мислат дека се нешто подобро од сите останати шест мали рачиња почнаа да ме гушкаат весело радувајќи се околу мене.

Чувство на топлина и љубов.

Чувство на безгрижност во еден свет полн со неизвесност.

Чувство за еден живот кој се живее од сега за сега.

Чувство на еден живот каде нема утре,ниту пак вчера.

Во моментот додека ме гушкаа пред мене како да го видов нивното секојдневние,нивната радост,тага,солзи,смеа..

Ги видов нивните сиромашни куќи,отпадот во кој живеат.

И ја слушнав магијата на нивната песна пренесена во прегратка која плени.

Од позадина слушнав како некоја жена извикуваше:

Нека не ве допираат полни се со болести..

но тоа не ми беше важно.

Им се насмевнав игнорирајќи ги погледите на минувачите кои ја пратеа сета таа претстава

и ги погалив по главчињата.

Нивната мајка исто се насмеа изненадена од овој чин и ми упати поглед кој зрачеше длабока благодарност.

Во моментот почуствував неверојатно длабока љубов во себе кон овие од цивилизацијата отфрлени суштества.

Со погледот го следев нивното заминување пропратено со танцот на задоволството и веселото скокање на трите циганчиња околу мајката со прекрасни зелени очи и валкани алишта.

[QUOTE="Lena, post: 259760, member: 1970"] Љубов на друг начин Додека загризувам во топлиот бел леб само што изваден од фурна чувствувам потреба да го напишам моментот на потполно чувство на љубов. Ќе напишев безусловна но воопшто не сум сигурна дали тоа беше безусловна љубов. Сепак љубов и топлина на малку поинаков начин. Шетав по светлата страна на градот барајќи некој посебен старински прстен направен од старо сребро. Гледав по излозите на дуќаните воодушевена од различните мотиви и начини на изработка. -Навистина убави прстени.. си мислев сосем занесена во глетката пред мене. Во еден момент пред мене се појави една циганка со три мали дечиња. Како некој да ме разбуди од некој сон враќајќи ме во реалноста. Изгледаше тажно. Во парталави алишта полни со прашина,неисчешлана коса и прљави раце. Дечињата беа на возраст од 3-4 години. Весело си играа околу нивната мајка незнаејќи за суровоста на светот во кој живеат. За суровоста на нивниот свет. Ја погледав во очи и во нив видов тага. Прекрасни зелени очи полни со живот и тага воедно. Очи од кои зрачеше светлина. Се запрашав во себе како може од нешто толку незабележливо и отфрлено од цивилизацијата да избива таква светлина? Некоја скриена внатрешна убавина полна со мистичност. На лицето створи насмевка. Како да сакаше да ми каже: Се разбираме. Да,се разбравме без и еден збор. Почуствував потреба да ја заштитам,неа и нејзините дечиња. Да и помогнам. Било како,на било кој начин. Сега во моментот. Ја отворив ташната и посегнав по новчаникот. Таа не побара пари од мене,но тоа беше единственото нешто кое можев да и го понудам во моментот. Барем еден топол оброк за малите ангелчиња со налик на пркосни ѓаволчиња. Ги извадив сите пари што ги имав во новчаникот и им ги поделив на дечињата. На сред град,оној дел од градот каде шетаат туристи и граѓани кои мислат дека се нешто подобро од сите останати шест мали рачиња почнаа да ме гушкаат весело радувајќи се околу мене. Чувство на топлина и љубов. Чувство на безгрижност во еден свет полн со неизвесност. Чувство за еден живот кој се живее од сега за сега. Чувство на еден живот каде нема утре,ниту пак вчера. Во моментот додека ме гушкаа пред мене како да го видов нивното секојдневние,нивната радост,тага,солзи,смеа.. Ги видов нивните сиромашни куќи,отпадот во кој живеат. И ја слушнав магијата на нивната песна пренесена во прегратка која плени. Од позадина слушнав како некоја жена извикуваше: Нека не ве допираат полни се со болести.. но тоа не ми беше важно. Им се насмевнав игнорирајќи ги погледите на минувачите кои ја пратеа сета таа претстава и ги погалив по главчињата. Нивната мајка исто се насмеа изненадена од овој чин и ми упати поглед кој зрачеше длабока благодарност. Во моментот почуствував неверојатно длабока љубов во себе кон овие од цивилизацијата отфрлени суштества. Со погледот го следев нивното заминување пропратено со танцот на задоволството и веселото скокање на трите циганчиња околу мајката со прекрасни зелени очи и валкани алишта. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom