Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Повторно јас, ако?

Знам, напорна сум понекогаш, додуша многу повеќе од понекогаш, ама ете, таква сум. Би се променила ако можев или ако знаев како или… ако сакав… Уште да имаше некаква улога во менувањето, желбата да се промениш. Добро, можеби има, донекаде, ама сепак, некои нешта, колку и да сакаш, едноставно не можеш да ги промениш…

И така… повторно јас…

И моите милион и едно прашање…

Ако?

Не мораш да ми дадеш одговори, не мораш да ми дадеш ниту еден одговор, само слушај ме, да не си зборувам сама со себе, да не сум сама додека ги барам одговорите некаде во мене. А обично таму се, нели? Во нас?

Знаеш што би сакала да знам?

Сакам да знам зошто сме такви какви што сме, поточно зошто не можеме да се менуваме, барем не премногу. Знам дека секоја промена е секогаш поттикната од нешто, најчесто некој. И скоро секогаш, не ни забележуваме кога се менуваме, ни како се менуваме. И скоро секогаш, менувањето е бавен некој процес. Освен понекогаш…

Понекогаш се менуваш за час, некој те менува за час…

Се менуваш? Или само наоѓаш храброст да си вистинскиот ти, тој што си, не тој што очекуваат да бидеш, не тој што сакаат да бидеш, не тој што сакаш да си за нив, ами најискрено пред себеси, самиот ти. Со сите светли и темни страни.Некој успева да те види, вистински да те види, без да те осуди, без да ти каже што и како би требало да промениш, едноставно те гледа и вели – па знаеш, во ред е …

Ни треба тоа во ред е, нели?

Ни треба многу…

Ослободува некако…

Но како да си го кажеш самиот на себе тоа? Дека е во ред? Да бидеш тој што си? Таков каков си, со сите светли и темни страни, со сите насмевки и солзи, со сите порази и победи, со сите желби и соништа, со сите грешки, со се` твое, такво какво е…

Да се видиш самиот себеси…

Знам…

Некогаш може да биде опасно…

Некогаш е подобро да не знаеш што имаш скриено длабоко во себе…

Или?

02.24.11

[QUOTE="lady_blue, post: 254621, member: 67"] Повторно јас, ако? Знам, напорна сум понекогаш, додуша многу повеќе од понекогаш, ама ете, таква сум. Би се променила ако можев или ако знаев како или… ако сакав… Уште да имаше некаква улога во менувањето, желбата да се промениш. Добро, можеби има, донекаде, ама сепак, некои нешта, колку и да сакаш, едноставно не можеш да ги промениш… И така… повторно јас… И моите милион и едно прашање… Ако? Не мораш да ми дадеш одговори, не мораш да ми дадеш ниту еден одговор, само слушај ме, да не си зборувам сама со себе, да не сум сама додека ги барам одговорите некаде во мене. А обично таму се, нели? Во нас? Знаеш што би сакала да знам? Сакам да знам зошто сме такви какви што сме, поточно зошто не можеме да се менуваме, барем не премногу. Знам дека секоја промена е секогаш поттикната од нешто, најчесто некој. И скоро секогаш, не ни забележуваме кога се менуваме, ни како се менуваме. И скоро секогаш, менувањето е бавен некој процес. Освен понекогаш… Понекогаш се менуваш за час, некој те менува за час… Се менуваш? Или само наоѓаш храброст да си вистинскиот ти, тој што си, не тој што очекуваат да бидеш, не тој што сакаат да бидеш, не тој што сакаш да си за нив, ами најискрено пред себеси, самиот ти. Со сите светли и темни страни.Некој успева да те види, вистински да те види, без да те осуди, без да ти каже што и како би требало да промениш, едноставно те гледа и вели – [B][I]па знаеш, во ред е …[/I][/B] Ни треба тоа [B][I]во ред е[/I][/B], нели? Ни треба многу… Ослободува некако… Но како да си го кажеш самиот на себе тоа? Дека е во ред? Да бидеш тој што си? Таков каков си, со сите светли и темни страни, со сите насмевки и солзи, со сите порази и победи, со сите желби и соништа, со сите грешки, со се` твое, такво какво е… Да се видиш самиот себеси… Знам… Некогаш може да биде опасно… Некогаш е подобро да не знаеш што имаш скриено длабоко во себе… Или? 02.24.11 [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom