Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Вредно да се стави овде.

Другите кои не беа ти

Еднаш љубев еден човек голем колку небото и тежок колку денот кога во денот неподносливо тежи животот. Еднаш љубев еден ти. Љубев и еден друг ти. Љубев и една ти. Со сите свои љубови-колку што има љубови зад затворени очи. Толку силно. Толку темно. Со толку лица во мракот колку што има видливост во ноќта: доволно за да се пронајде еден прост пат и доволно за да се загуби еден човек. Луѓето најлесно се губат во мракот. Во сопствениот мрак. Така се јавуваат темни дамки: по кожата, во времето, во очите. Под нив и низ нив. Темни и безживотни дамки. Еднаш љубев еден човек со боја на светло пред затемнување. Толку светол во мракот: да ми се стегнат зениците од добра болка. Живот во мракот, по мене друг живот. Со животот можеш единствено да стануваш други животи, други луѓе. Еден ти и една ти. Едни други тие. Некаде. Денес е сеедно. По мракот во љубовта-сред белиот ден останува само неочекувана месечина сред пладне.

- Можеш да престанеш, но ова нема никогаш да престане – прошепоти и ја подаде главата низ прозорот. Беше совршен пролетен ден кој стануваше летна рана ноќ.

- Што да престане? – прашав.

- Сето ова. Времето. Луѓето во него. Ти во мене. Можеш да заминеш многу далеку од овој прозор. Тоа нема ништо да смени. Не за мене.

- Нашите нешта отсекогаш биле вакви – реков и го затворив прозорот, па го зедов куферот.

Се погледнавме в очи. Ми кажуваше доволно. Ми го кажуваше она кое сакав да го чујам. Љубовта често има потреба од збор кој изненадува. Потреба од неочекуваност.

- Ќе бидам тука – рече.

- Ќе бидам и јас – одговорив.

- Нема никогаш да биде вака повоторно – прошепоти низ затворени очи. Ме избегнуваше. Не сакаше збогувања, а јас никогаш не се збогував. Да се збогуваш значи да престанеш да веруваш, а јас го имав тоа ние секаде.

- Секогаш ќе биде поинаку. И секогаш ќе бидеме ние. Затоа што така е – одговорив и се насмевнав.

Ги отвори очите. Некаква музика свиреше позната мелодија.

- Болна сум – потпевнуваше.

- Сосема болна – потпевнував и јас.

Проста француска песна.

Еднаш љубев еден човек во кој ги имаше сите љубовници кои ги имав. Сите нељубовници. Најверојатно и луѓето кои ќе бидат тоа. Еднаш љубев една ти. Толку многу. Со сите месечини и со сите мракови.

Љубев со сопствениот страв од губење во мракот.

Не престана. Не престанав.

Во една љубов љубовниците се секогаш исти. Тежат онолку колку што им тежат сништата, а љубовта секогаш исто сонува: животворно.

Автор: Сашо Димоски

[QUOTE="Lena, post: 246760, member: 1970"] Вредно да се стави овде. Другите кои не беа ти Еднаш љубев еден човек голем колку небото и тежок колку денот кога во денот неподносливо тежи животот. Еднаш љубев еден ти. Љубев и еден друг ти. Љубев и една ти. Со сите свои љубови-колку што има љубови зад затворени очи. Толку силно. Толку темно. Со толку лица во мракот колку што има видливост во ноќта: доволно за да се пронајде еден прост пат и доволно за да се загуби еден човек. Луѓето најлесно се губат во мракот. Во сопствениот мрак. Така се јавуваат темни дамки: по кожата, во времето, во очите. Под нив и низ нив. Темни и безживотни дамки. Еднаш љубев еден човек со боја на светло пред затемнување. Толку светол во мракот: да ми се стегнат зениците од добра болка. Живот во мракот, по мене друг живот. Со животот можеш единствено да стануваш други животи, други луѓе. Еден ти и една ти. Едни други тие. Некаде. Денес е сеедно. По мракот во љубовта-сред белиот ден останува само неочекувана месечина сред пладне. - Можеш да престанеш, но ова нема никогаш да престане – прошепоти и ја подаде главата низ прозорот. Беше совршен пролетен ден кој стануваше летна рана ноќ. - Што да престане? – прашав. - Сето ова. Времето. Луѓето во него. Ти во мене. Можеш да заминеш многу далеку од овој прозор. Тоа нема ништо да смени. Не за мене. - Нашите нешта отсекогаш биле вакви – реков и го затворив прозорот, па го зедов куферот. Се погледнавме в очи. Ми кажуваше доволно. Ми го кажуваше она кое сакав да го чујам. Љубовта често има потреба од збор кој изненадува. Потреба од неочекуваност. - Ќе бидам тука – рече. - Ќе бидам и јас – одговорив. - Нема никогаш да биде вака повоторно – прошепоти низ затворени очи. Ме избегнуваше. Не сакаше збогувања, а јас никогаш не се збогував. Да се збогуваш значи да престанеш да веруваш, а јас го имав тоа ние секаде. - Секогаш ќе биде поинаку. И секогаш ќе бидеме ние. Затоа што така е – одговорив и се насмевнав. Ги отвори очите. Некаква музика свиреше позната мелодија. - Болна сум – потпевнуваше. - Сосема болна – потпевнував и јас. Проста француска песна. Еднаш љубев еден човек во кој ги имаше сите љубовници кои ги имав. Сите нељубовници. Најверојатно и луѓето кои ќе бидат тоа. Еднаш љубев една ти. Толку многу. Со сите месечини и со сите мракови. Љубев со сопствениот страв од губење во мракот. Не престана. Не престанав. Во една љубов љубовниците се секогаш исти. Тежат онолку колку што им тежат сништата, а љубовта секогаш исто сонува: животворно. Автор: Сашо Димоски [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom