Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Не постоеше мирис. Чудно, но моето сетило за воспримање на различни мириси сеуште перфектно функционираше. Влегов во одаите на едно семејство, меѓу нивнити ѕидини со чудни декорации, неверојатно својствени за нив. Наоколу постоеше се`, полици за книги, дрвена трпезариска маса, две лончиња, шпорет и едно радио што произведуваше иритирачки звук меѓу неколку фреквенции. Дамкосани прекривачи, еден тон нечисти алишта, крици од другите одаи и една мала, но неприметлива работа која упорно ја барав и неуспешно ја пронајдов во мислите. Знаев дека нешто изостанува меѓу тие издадени масивни сенки од гломазните плакари чие крцкање вознемирува доцна во ноќта. Знаев дека изостанува главната и показателна работа за која упорно и цврсто се држев како калуѓерка за крст. Таа проклета работа сега мене ме иритираше, ми го нарушуваше спокојството и мирот. Трагав по него, затоа што со него ја доживував нирваната при влез во нечиј дом, со него ја добивав онаа доблесна насмевка на триумф дека знам за чиј дом се работи и знам што чудесии од луѓе чекорат по него. Мирисот. Оној домашен мирис што се ткае низ собите, вирее меѓу креветите, се нижи меѓу фотељите и извира од некогашните сандаци кои во поново време се нарекуваат плакари.

Мирисот е тој кој ми фали. Мојата душевна искра, мојот доблесен пријател кој ми шепоти многу работи.

Во светот постојат многу мириси, во реалниот или фиктивниот. Некогаш постојат делумно во книгите со опишувачки зборови чија суштина е промашена затоа што мирисот е некогаш неопределив, невообичаено силен пред кого клекнуваат и најмудрите опишувачки зборови. Некогаш го толкуваме на страниците од книгата „Парфем“, некогаш велиме дека сме затнати ради проклетата настинка, а некогаш не обраќате внимание дека еден и единствен, уникатен мирис поседува определено секој човек и го носи со себе, сегде каде што оди, патува, е*е и сере.

Искрено свикнав на секакви мириси - блуткави, ароматични, мошус, темјан, цимет, па дури и оние кои смрдат на умрено и кисело. Да, да верувајте постои и таков мирис. Но во овој мал свет на едно просечно и чат пат добродушно семејтво не успеав да ја најдам таа нишка. Помислата дека се мртви моето резонирање го однесоа на повисок стадиум со заклучок дека и умреното смрди, труе од утробата до стапалата и назад до главата, односно мириса на свежо умрен леш. Со самото изустено здраво јас знам дека грешам. Не се мртви, ниту полумртви, ниту умрени, туку се тука, здрави, живи и подвижни. И зборат. Дури едниот од нив пријатно мацкаше од чорбата, полна со цревца од мртва свиња.

Се насмеав и реков: „Дали имате палома?„

[QUOTE="Реми, post: 227674, member: 312"] Не постоеше мирис. Чудно, но моето сетило за воспримање на различни мириси сеуште перфектно функционираше. Влегов во одаите на едно семејство, меѓу нивнити ѕидини со чудни декорации, неверојатно својствени за нив. Наоколу постоеше се`, полици за книги, дрвена трпезариска маса, две лончиња, шпорет и едно радио што произведуваше иритирачки звук меѓу неколку фреквенции. Дамкосани прекривачи, еден тон нечисти алишта, крици од другите одаи и една мала, но неприметлива работа која упорно ја барав и неуспешно ја пронајдов во мислите. Знаев дека нешто изостанува меѓу тие издадени масивни сенки од гломазните плакари чие крцкање вознемирува доцна во ноќта. Знаев дека изостанува главната и показателна работа за која упорно и цврсто се држев како калуѓерка за крст. Таа проклета работа сега мене ме иритираше, ми го нарушуваше спокојството и мирот. Трагав по него, затоа што со него ја доживував нирваната при влез во нечиј дом, со него ја добивав онаа доблесна насмевка на триумф дека знам за чиј дом се работи и знам што чудесии од луѓе чекорат по него. Мирисот. Оној домашен мирис што се ткае низ собите, вирее меѓу креветите, се нижи меѓу фотељите и извира од некогашните сандаци кои во поново време се нарекуваат плакари. Мирисот е тој кој ми фали. Мојата душевна искра, мојот доблесен пријател кој ми шепоти многу работи. Во светот постојат многу мириси, во реалниот или фиктивниот. Некогаш постојат делумно во книгите со опишувачки зборови чија суштина е промашена затоа што мирисот е некогаш неопределив, невообичаено силен пред кого клекнуваат и најмудрите опишувачки зборови. Некогаш го толкуваме на страниците од книгата „Парфем“, некогаш велиме дека сме затнати ради проклетата настинка, а некогаш не обраќате внимание дека еден и единствен, уникатен мирис поседува определено секој човек и го носи со себе, сегде каде што оди, патува, е*е и сере. Искрено свикнав на секакви мириси - блуткави, ароматични, мошус, темјан, цимет, па дури и оние кои смрдат на умрено и кисело. Да, да верувајте постои и таков мирис. Но во овој мал свет на едно просечно и чат пат добродушно семејтво не успеав да ја најдам таа нишка. Помислата дека се мртви моето резонирање го однесоа на повисок стадиум со заклучок дека и умреното смрди, труе од утробата до стапалата и назад до главата, односно мириса на свежо умрен леш. Со самото изустено здраво јас знам дека грешам. Не се мртви, ниту полумртви, ниту умрени, туку се тука, здрави, живи и подвижни. И зборат. Дури едниот од нив пријатно мацкаше од чорбата, полна со цревца од мртва свиња. Се насмеав и реков: „Дали имате палома?„ [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom