Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Лаура

Возот влегуваше во станицата, тој сéуште седеше на своето место цврсто стискајќи го „Канцониерот“ неговиот верен другар и сопатник сиве овие години. Тргна полека уморно кон скалилата на вагонот носејќи во себе долгогодишен немир, копнеж, надеж, страв…

Слезе на станицата погледна наоколу сé беше исто ништо не се сменило сиве години на отсуство, како времето во ова место да застанало. Полека тргна кон својот дом или она што некогаш беше тоа. Добро познати улици, згради обвиткани во своето сивило, какво што и тој чувствуваше во себе, какво што тој носеше во својата душа сиве овие години. Се прашуваше што се случи со неговите блиски, пријатели, што прават сите оние кои ги познаваше.

Сите денови откако дојде се движеше низ градот како некое сениште не познавајќи никој од овие насмеани лица. Не побара никого, не се обиде, едноставно не сакаше. Болката што ја носеше не му даваше храброст за такво нешто ниту пак сакаше да ја сподели. Ги посетуваше местата на кои што некогаш често навраќаше, како да бараше нешто, нешто што одамна го беше загубил иако не знаеше што точно. Бараше лек за болката, утеха можеби или она нешто што ќе ja потполни празнината што ја чувствува цело време. Најчесто одеше во паркот каде што долго седеше на клупата која како само таа да го чекаше во градов да се врати. Тој ден задоцни веќе беше денот прикрај. Седна, како по обичај долго гледаше во земјата пред него, а мислите му лутаа. Погледна во правец кон реката каде што некогаш кога имаше потреба од размислување стоеше, гледаше во реката и најдуваше мир. Се стаписа! Виде позната женска фигура како стои неподвижно и гледа некаде далеку преку реката, свртена со грбот кон него, а студениот есенски ветар си играше со нејзината долга коса. Полека стана од клупата и со несигурен чекор тргна накај неа. Кога се доближи таа чувствувајќи нечие присуство се сврти и го погледна. Очите и се раширија од изненадување, долго немо се гледаа. Добро ги знаеше тие очи, кои сега изгледаа многу тажно. Успеа таа да изусти само еден збор: „Ти!”

Се приближи до неа, ја прегрна пријателски, усните им се искривија во болна насмевка. Конечно ја најде, го најде она што го бараше сите овие години. Долго разговараа. И раскажа сé за себе за сиве овие години. Беше бесна на него, почна да плаче успеа низ солзи да му каже: – „ Ти се лутам, ти се лутам затоа што никогаш, никогаш не ми кажа што чувствуваше кон мене, што немаше храброст да ми пријдеш и ми го кажеш тоа.“ Се обиде да ја привлечи кон себе, да се оправда некако иако знаеше дека нема оправдание. Таа се отргнуваше, бесно го удираше по градите викајќи „ Лута сум ти! Лута сум ти“! Но сепак се предаде, ја стави главата на неговите гради и долго, долго липаше. Ја милуваше по косата не можејќи да изусти ни збор, само солзите течеа од неговите очи. Ја бакна во челото, потоа во насолзените очи и само што усните им се доближија, таа се отргна. „Не! Не смееш, не…не можам, прости ми, му припаѓам на друг. Сакам но не можам, не смеам…прости!“ Потрча по патека одалечувајќи се од него, солзите и течеа по лицето. Долго тој гледаше по неа, дури и кога ја снема од видикот тој и понатаму немо гледаше во тој правец како да очекуваше чудо. Остана повторно сам. Болката во градите беше посилна од било кога. Сакаше да викни, да пушти крик, не можеше. Се свитка од болка и долго, долго така плачеше, липаше. Кога најпосле се подигна, се сврте накај реката и тресејќи се фати за дрваниот ракофат на оградата. Почувствува нешто под десната рака, погледна, не можеше да верува?!?! На дрвото со несигурна рака беше издлабено: 19. 07. 1986 г. Денот кога тој замина, засекогаш го напушти градот. Сé околу него почна да се врти, во слепоочниците бесно удираше пулсот. Не можеше да се соземи. Се упати кон својата куќа, како во транс стигна, влезе и долго шеташе низ собата. Се му стана јасно! Главата ужасно почна да го боли, го исплакна лицето и погледна во огледалото, виде само илузија, ништо, празнина. Во главата му одекнуваа нејзините зборови од пред малку „ можеби она што го бараше, она богатство по кое цел живот си копнеел, можеби не било таму. Можеби, можеби било тука крај тебе цело време, на дофат“. Сфати што значат тие зборови. Сега веќе ништо немаше значение, немаше ништо своја смисла. Погледна кон куферот кој не беше ни распакуван сосема. Не му требаа тие работи таму кај што ќе појди може да си купи колку сака. Имаше доволно, имаше сé… Или немаше ништо? Болна насмевка се развлече низ неговото лице, го зеде само нотесот кој што секогаш го носеше со себе иако беше празен. Во него имаше запишано само посвета, која добро ја знаеше, напишана со нејзината нежна лева рака. Го зеде „Канцониерот“ и ја напушти куќата, го напушташе градот засекогаш. Знаеше дека никогаш повеќе нема да се врати.

Влезе во купето, седна, погледна кон празната станица, знаеше дека нема никој. Се здрви! Таа стоеше на истото она место како и пред многу години но, сега не мафташе само немо го гледаше. Солзите и се сливаа по лицето. Го стегна нешто во срцето, немаше сила, немаше храброст да и мафне. Возот веќе одминуваше далеку. За последен пат ги гледаше тие планини. Го отвори нотесот и додека солзите капеа на него, почна да пишува:

ЛАУРА……

[QUOTE="МиГ 21, post: 160800, member: 2076"] [CENTER][B][SIZE=5]Лаура[/SIZE][/B][/CENTER] Возот влегуваше во станицата, тој сéуште седеше на своето место цврсто стискајќи го „Канцониерот“ неговиот верен другар и сопатник сиве овие години. Тргна полека уморно кон скалилата на вагонот носејќи во себе долгогодишен немир, копнеж, надеж, страв… Слезе на станицата погледна наоколу сé беше исто ништо не се сменило сиве години на отсуство, како времето во ова место да застанало. Полека тргна кон својот дом или она што некогаш беше тоа. Добро познати улици, згради обвиткани во своето сивило, какво што и тој чувствуваше во себе, какво што тој носеше во својата душа сиве овие години. Се прашуваше што се случи со неговите блиски, пријатели, што прават сите оние кои ги познаваше. Сите денови откако дојде се движеше низ градот како некое сениште не познавајќи никој од овие насмеани лица. Не побара никого, не се обиде, едноставно не сакаше. Болката што ја носеше не му даваше храброст за такво нешто ниту пак сакаше да ја сподели. Ги посетуваше местата на кои што некогаш често навраќаше, како да бараше нешто, нешто што одамна го беше загубил иако не знаеше што точно. Бараше лек за болката, утеха можеби или она нешто што ќе ja потполни празнината што ја чувствува цело време. Најчесто одеше во паркот каде што долго седеше на клупата која како само таа да го чекаше во градов да се врати. Тој ден задоцни веќе беше денот прикрај. Седна, како по обичај долго гледаше во земјата пред него, а мислите му лутаа. Погледна во правец кон реката каде што некогаш кога имаше потреба од размислување стоеше, гледаше во реката и најдуваше мир. Се стаписа! Виде позната женска фигура како стои неподвижно и гледа некаде далеку преку реката, свртена со грбот кон него, а студениот есенски ветар си играше со нејзината долга коса. Полека стана од клупата и со несигурен чекор тргна накај неа. Кога се доближи таа чувствувајќи нечие присуство се сврти и го погледна. Очите и се раширија од изненадување, долго немо се гледаа. Добро ги знаеше тие очи, кои сега изгледаа многу тажно. Успеа таа да изусти само еден збор: „Ти!” Се приближи до неа, ја прегрна пријателски, усните им се искривија во болна насмевка. Конечно ја најде, го најде она што го бараше сите овие години. Долго разговараа. И раскажа сé за себе за сиве овие години. Беше бесна на него, почна да плаче успеа низ солзи да му каже: – „ Ти се лутам, ти се лутам затоа што никогаш, никогаш не ми кажа што чувствуваше кон мене, што немаше храброст да ми пријдеш и ми го кажеш тоа.“ Се обиде да ја привлечи кон себе, да се оправда некако иако знаеше дека нема оправдание. Таа се отргнуваше, бесно го удираше по градите викајќи „ Лута сум ти! Лута сум ти“! Но сепак се предаде, ја стави главата на неговите гради и долго, долго липаше. Ја милуваше по косата не можејќи да изусти ни збор, само солзите течеа од неговите очи. Ја бакна во челото, потоа во насолзените очи и само што усните им се доближија, таа се отргна. „Не! Не смееш, не…не можам, прости ми, му припаѓам на друг. Сакам но не можам, не смеам…прости!“ Потрча по патека одалечувајќи се од него, солзите и течеа по лицето. Долго тој гледаше по неа, дури и кога ја снема од видикот тој и понатаму немо гледаше во тој правец како да очекуваше чудо. Остана повторно сам. Болката во градите беше посилна од било кога. Сакаше да викни, да пушти крик, не можеше. Се свитка од болка и долго, долго така плачеше, липаше. Кога најпосле се подигна, се сврте накај реката и тресејќи се фати за дрваниот ракофат на оградата. Почувствува нешто под десната рака, погледна, не можеше да верува?!?! На дрвото со несигурна рака беше издлабено: 19. 07. 1986 г. Денот кога тој замина, засекогаш го напушти градот. Сé околу него почна да се врти, во слепоочниците бесно удираше пулсот. Не можеше да се соземи. Се упати кон својата куќа, како во транс стигна, влезе и долго шеташе низ собата. Се му стана јасно! Главата ужасно почна да го боли, го исплакна лицето и погледна во огледалото, виде само илузија, ништо, празнина. Во главата му одекнуваа нејзините зборови од пред малку „ можеби она што го бараше, она богатство по кое цел живот си копнеел, можеби не било таму. Можеби, можеби било тука крај тебе цело време, на дофат“. Сфати што значат тие зборови. Сега веќе ништо немаше значение, немаше ништо своја смисла. Погледна кон куферот кој не беше ни распакуван сосема. Не му требаа тие работи таму кај што ќе појди може да си купи колку сака. Имаше доволно, имаше сé… Или немаше ништо? Болна насмевка се развлече низ неговото лице, го зеде само нотесот кој што секогаш го носеше со себе иако беше празен. Во него имаше запишано само посвета, која добро ја знаеше, напишана со нејзината нежна лева рака. Го зеде „Канцониерот“ и ја напушти куќата, го напушташе градот засекогаш. Знаеше дека никогаш повеќе нема да се врати. Влезе во купето, седна, погледна кон празната станица, знаеше дека нема никој. Се здрви! Таа стоеше на истото она место како и пред многу години но, сега не мафташе само немо го гледаше. Солзите и се сливаа по лицето. Го стегна нешто во срцето, немаше сила, немаше храброст да и мафне. Возот веќе одминуваше далеку. За последен пат ги гледаше тие планини. Го отвори нотесот и додека солзите капеа на него, почна да пишува: ЛАУРА…… [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Интимна (исповедна) проза
На врв
Bottom