Инстант совети за возачи - механичари!

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Решив да ја отворам темава и овде да ги овековечам сите ситни совети што ги знам, што ќе ги откријам, што сум ги слушнал...
И секако, не само јас. Се што сте знаете а што може да притреба по пат, споделете го - ќе ни се најде!

Што се однесува до постарите коли...
категорија поправки и импровизации:

-Кога ќе ви потреба тркало на заем имајте на ум дека:
исти дупки за штрафови (со 4 дупки што се) имаат Фиат, Лада, Фолксваген, Опел, Застава, Алфа Ромео, Ланчија, Сеат, Шкода (понови од 1989), Ауди, старите модели на BMW, и одговараат од едни на други.
Од Citroen и Peugeot си одговараат со Форд.
Тркалата на старите буби имаат идентични отвори со старите Шкоди со назад мотор и со некои стари модели на Рено.
Но, постојат безвеза возила , како на пример Ровер Маестро или Цитроен Виза и сл. за кои не можат да се најдат соодветни тркала за замена.

- Потребното отворање на платината на старите коли, може да се наштелова со помош на сив картон (од корица од тетратка, опаковка за лепак за глувци, кутиче од кибрит) во замена за индикаторен лист.

-Проверката дали од некаде тиши плинскиот уред можите да извршите со помош на сунгерче и сапуница. Ќе нанесете сапуница по цевките и приклучосите и ако од некаде има и најмало пропуштање ќе почнат да се прават балони од сапуницата.

-Дихтонот кој не можете да го најдете, можете да го направите од картон од корица (таков сив, од тетратки, билокоја дебелина што ќе ви треба). Ќе го нацртате, а потоа изрешете со скалпер. Проверено 100% безопасно и трајно како купечки дихтон.

- Замастените свеќици најлесно и најтрајно можете да ги исчистите со горење на гарежот насобран на нив. Ставете ги на плинско, запалете го и оставете ги на отворен пламен 15тина минути како би изгорел целиот гареж на нив. Потоа само издувајте за да испадне изгорениот гареж. Секако, внимавајте потоа кога ќе ги вадите, нека биде со клешта, не со крпа!

-Homemade битумен за заштита од корозија се прави од т.н. „писа“ (тоа е катранот за паркет кој го има секаде за многу малку пари) растворена со нафта. Прво писата ја ставате во метален сад и постепено ја загревате додека не се растопи. Подобро да биде искршена на парчиња за побрзо да се растопи. Откако ќе се растопат сите грутчиња, писата ја тргате од оган и дотурате во неа нафта додека не добиете густина на мед. По потреба можете повторно да ја подгреете смесата, но на тивок оган како не би се запалила. Така растворената смеса се нанесува со четка на чиста површина која сакате да ја заштитите (најпрепорачливо е за од долната страна на колата, пошто тешко суши). Што погусто нанесено тоа подобро.
Откако ќе се заврши со фарбањето изладете со вода за побрзо да исуши. Напомена- на таквиот раствор му е потребно понекогаш и неколку недели за да исуши, но е најтраен и доготрајно заштитува бидеќи е многу по леплив од производите во продавниците.

Китирање. Зборот кажува се сам за себе. Нерамнини од удар, дупки од корозија, било што што треба да го испеглате. Најосновно пеглање со жолтеникав полиестерен кит body soft (жолт кит ко што го викаат) оди вака. Површината што ќе ја китирате треба да ја исчистите од корозија и од претходните бои со шмиргла. Потребни ви се 2 шпакли за работа. Со едната шпакла (помалата) земате од китот и го нанесувате на другата, ставате од зацврстувачот (тоа како паста што оди со него) во размер 1 спрема 10. Не земајте премногу кит затоа што брзо засушува. Измешајте ги двете состојки добро и потоа со едната шпакла нанесувате дел по дел од смесата што ја направивте. Не нанесувајте големи слоеви за подобро да суши.
Откако ќе исуши се рамни со шмиргла со градација 80 до 100 , па со 150-200, па се завршува со водена шмиргла со градација над 350.

Homemade средство за чистење на моторни делови. Во смисла чистење на моторот, чистење на полуосовини, зглобови, мењач и сл. Потребни ви се нафта, бензин и средство за миење чинии. Бензинот најтемелно ги разградува и поткопува нечистотиите и мрснотиите, но пребрзо суши. Нафтата е помрсна но многу тешко испарува и му дава на средството подолготрајно дејство. Средството за миење чинии се става за отстранување на мрснотијата и маслото. Се раствара во одност 2/4 нафта, 1/4 бензин и 1/4 средство за чинии. Втријте го со обична четка за бојадисување и оставете го кратко да отстои, па исперете со силен млаз вода. Ќе се зачудите од резултатот;).
Напомена... избегавајте контакт со гумени површини, црева и сл... постои можност од оштетување.

Homemade средство за отпуштање на зарѓани штрафови - можда звучи невозможно, но глицеринот за кочници е средство кое ненормално многу нагризува. Со него можете да извадете дури и 2 слоја боја без тешкотија. Ако го растворите со бензин во однос 2/3 глицерин, 1/3 бензин, добивате екстра средство за отпуштање запечени штрафови кое делува пребрзо и навистина длабински. Во пракса ми користело многу повеќе од купечките. Ако имате проблеми со некој навистина страшно запечен штраф, нанесете од ова средство на крпче и оставете го да стои 12тина сати замотано околу штрафот. Потоа исплакнете со бензин. Ќе се изненадите од резултатот.
Напомена - може да ги оштети гумените површини .. .внимавајте да не нанесете врз нив , макар што јас сум пробал и ништо не се случило!

Homemade екстра силен лепак за секаков материјал. . Се работи за билокакво секундарно лепило врз кое ќе нанесете пепел од цигара. Пепелта го зема непотребниот остаток на влага и така се ствара некоја посебна цврстина. Многу пати ми затребал при импровизации во автомобилот. На Опелот што го имам дури и котвата од алнасерот така е залепена:ninja Секако, не очекувајте дека со тоа ќе залепите слон што виси главечки!

Ситни совети за возење:
Потрошувачката на гориво е значајно пониска ако колата има работна температура од 80 степени. Затоа, повторно ставете термостат ако стариот е во дефект.

Свеќиците се разликуваат според „топлотна вредност“. За секоја кола одговараат различни безразлика на должината на навојот, па не се лажете да купувате свеќици од одреден производител поради позитивни искуства на друга кола со нив. Свеќиците се одбираат исклучиво по упатството од производителот и никако поинаку.

Во двотактните мотори, во недостиг на потребното масло за мешавина можете да ставите билокакво, па дури и масло за домаќинство. Секако, колку е поретко/ погусто маслото ќе ставите повеќе/помалку во смесата.

Тоа ми текна сега за сега... понатаму уште!
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО...

Неколку работи што треба да се спомнат во врска со резервоарите за гориво (бензин и дизел).

Предност на држењето полн резервоар е главно сперчувањето на внесувањето талог. Горивото со самото полнење внесува и талог во резервоарот на колата. Воглавно, не е тоа нешто што е опасно, или зависи од дистрибутерот, или пак нешто непредвидено. За таа намена конструкцијата на резерварот е посебно изведена за да се спречи повлекувањето на талог од резерварот. НО.. честото дотурање (по 100 денари, по 200, по 500) всушност само го расшлакува талогот во резервоарот и дозволува поголем дел од него да биде повлечен и до моторот. Може да штети со пречесто затнување на филтрите за гориво, затнување на системот за вбризгување гориво, па се до прерано абење на внатрешните компоненти.
Фабрички препорачан начин за заштита е чување секогаш полн резервар, но не може секој да си го дозволи тоа секогаш.

Најлесен вонреден начин за заштита од внесување на талог ако не го полните секогаш резервоарот е ефтин, пластичен филтер за бензин. Некои коли го имаат, а кај тие што го нема може да се монтира на цревото кое носи бензин од помпата до усисниот систем. Ефтино е (околу 150 денари кошта) а нуди екстремна заштита. Се сменува на некои 15 000 километри отприлика.
fuel-filter-in-line-small.jpg


Полниот резервоар го штити резервоарот од кондензации. Во секое гориво има незначајна количина на вода која може да доведе и до страшна корозија. Во пракса го имам ова искусено, страшно искуство е промената на резервар.

Помала потрошувачка со повеќе гориво во резервоарот. Проста причина која еден стар мајстор ми ја објасни: „Ако туриш само 3 кила во 60 литри резервоар, само ќе се рашлака по ѕидовите. Наполни го до крај и ќе видиш дека позитивно ќе се изненадиш“ Проверив, точно е!

Никако ставање бензин во нафтата. Постои некаков мит меѓу народов дека треба да се стави 5 кила бензин во цел резервоар со нафта, како не би мрзнела нафтата во зимо. НЕ! Само ќе го зезнете бошот за гориво и ќе ве кошта многу скапо. Вистинското решение е всушност адитив за во нафтата и поквалитетна нафта.

Постои заштитна мража против крадци на гориво. На повеќето коли постои систем за заштита од крадење гориво. По текот на цевката што оди од отворот па се до резерварот, постои некаква мрежеста препрека која не дозволува некој да ви извади гориво од резерварот со црево. Во случај да не сте го знаеле ова - спијте спокојно, не посоти начин да се извади.

Резервар за плин. Накратко кажано, експлозиите на плин во кола се дел од филмовите на Долината на Волците. За да настани експлозија треба да биде овозможено неконтролирано сврзување на гасот со кислород при голема температура. Боцата е 100% позаштитена од резерварот за бензин кој е скоро незаштитен, а плинот е некои 15% по неексплозивен од бензинот и потешко запалив. Единствен ризик постои од лошо вградена и неисправна оштетена инсталација , но тој ист ризик постои и кај бензинците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Значи ако имам некој проблем со колата и стојам на сред автопат некаде на крај на светот да погледам овде,ќе најдам брза помош и инструкции за можно брзо отстранување на проблемот :D
Интересно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Па, ситните работи кои можеш да ги направиш со клешта, 2 штрафцигери и ситен попатен алат... воглавно, ќе напишам еден куп многу корисни работи.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Кабли за свеќици - налик глупави кабли од по 20 цм до пола метро. Ма јок, тие кабли се многу чувствителен, специфичен витален дел на целата кола.
Нивната неисправност може да доведе до повишување на потрошња, неправилна работа на моторот, отежнато палење, губење на перформанси.
Тие кабли спроведуваат напон од барем 25 000 волти и мора да имаат совршена изолација и да не се оштетени или окрутени.
Како да препознаете оштетување? - освен видливите оштетувања (испукана изолација, окрутени кабли, испаднати капачиња и сл.) , нивната неисправност ќе ја познатет и по следниве знаци:
- вибрирање на звукот на радиото според работата на колата (ц-цкање некакви симетрично, кркорење што се покачува памномерно со вртежите од моторот)
-придвижување на стрелките на мерачите (кога ќе ја оставите колата во лер, забележувате дека стрелките на мерачот за температура и за гориво опаѓаат... кога ќе додадете туража повторно кревааат до реалната вредност)
-неправилно работење
-замастување на свеќиците.
Нема некоја филозофија во нивната замена. Само ќе забележите кој до каде оди и ќе внимавате правилно да ги сврзите. При купувањето внимавајте на нивната мекост, треба да бидат потполно еластични и меки. Изберете силиконски кабли со графти (така се викаат)... многу подолго ќе ги служите. За обичните коли цените се движат од 500 - 1500 денари, во зависност од производството. Во случај да не можете да најдете соодветни кабли за моделот, имајте на ум дека одговараат и од други коли (пример Од Лада Нива одговара на Голф 1, Голф 2, Шкода 105/120 и сл...) Само измерете ја должината да биде доволна и приклучоците да бидат со иста големина.

Акомулатор - Стартот во зимо е детерминиран исклучиво од добар акомулатор. Нема штедење тука. Ситните производители прават крупни далавери во однос на акомулаторите, во кутијата од 75Ah, пакуваат 55Аh и го продаваат за поголем, нудат мерена гаранција (20 месеци , место 2 години како другите. На 22от месец гарант ќе потфрили... 2 пати се попарив:place)... и слично.
Изберете поскап акомулатор. Не мора да значи дека треба да кошта дупло од просечната цена, но избегнете го најефтиниот. Ќе добиете препорака и од тие во продавницата. 45-55 Ah нека бидат поскапи барем со 500-1000 денари од најефтиниот...
Внимавајте на половите на акомулаторот - од која страна е + од која -. Од кола до кола се раазликува поставувањето, а производителите ги нудат и двете варијатни. Затоа, најубаво појдете си со колата кога го купувате или убаво заприметете каде треба да соти + полот.
Не ја бришете заштитната маст - на приклучоците од акомулаторот фабриката мачка некаква маст за заштита. Не ја бришете пред монтажа, таа ќе спречи клемите за запекуваат.
Притегнете ги клемите доволно силно - доволно силно за да не можете да ги мрднате со рака. Така колата потполно ќе полни, нема да потфрла во палењето, полесно ќе стартува и подолго ќе трае акомулаторот. Ако го вадите секоја вечер акомулаторот со страв од крадци, оставете си клуч под хауба за монтажата - немојте само така да ги ставате клемите.
Како да препознаете дека клемата се олабавила, се оштетила или акомулаторот слабо полни на ниски вртежи - Кога работи колава во лер, силината на светлата ќе опаѓа, заедно со сказалките на температурата и горивото. Проверете ги клемите, исчистете ги со шмиргла 80ка или 100ка, убаво престегнете ги и се ќе биде океј...
Полнење на акомулаторот надвор од возилото- лесно е... поставете ги каблите од полначот соодветно (црвената жица на +, црната на -) нека допираат што поголема површина. Извадете ги чеповите од горната страна на акомулаторот потполно (Внимавајте, ставете нараквици... опасна киселина има внатре .... избришете го горниот дел како не би паднале нечистотии внатре ...и чеповите се од мека пластика, внимавајте да не се оштети во вадењето. Погледнете внатре од повисоко - не треба течноста да биде падната под металните елменти, ако е треба да се дополни со детилирана вода ), па потоа приклучете го апаратот. Потребно е полнење од 17-20 сати... Имајте на ум дека тоа гадно мириса и испарува, штетно е за луѓето. Вклучете го или во визба, или во тоалет, во просторија во која не е директно изложен на сонце и оставете да се проветрува. Постелете хартија/најлон околу него - со самото понење внатре киселината врие и знае да прсни понекогаш некоја капка од киселината. Потоа обратна постапка. Исклучувате, ставате чеповите, го биршете акомулаторот од капките над него... и спремен е за употреба

Ух се уморив... утре ќе допишам и за кондензаторите, филтри и сл...