Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Литература и книжевност
Извадоци од книги
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

По многу години, Мерлин исчезна од Артуровиот живот, а потоа еден ден ненадејно се појави, качувајќи се од шумата кон Камелот. Бескрајно весел заради повторната средба со својот учител, кралот Артур нареди во чест на Мерлин да се приготви гозба. Меѓутоа, Мерлин се однесуваше чудно, гледајќи го својот поранешен ученик како никогаш да не го видел.

"Можеби би можел да дојдам на таа гозба, ако си ти оној за кој мислам дека си", рече Мерлин. "Ама кажи ми искрено, кој си ти?" Артур се скамени, но пред и да може да протестира, Мерлин им се обрати на насобраните, гласно велејќи:

"На оној што ќе ми каже која е оваа личност, ќе му ја подарам оваа вреќичка со златен прав". Во тој момент, во неговата рака се појави кожено снопче полно со чисто злато.

Збунети и нерасположени, витезите на Округлата маса не одговорија. Тогаш истапи младиот паж: "Сите знаеме дека ова е кралот". На ова Мерлин одмавна со главата и пажот мораше да ја напушти салата.

"Зар никој не знае кој е овој?", повтори.

"Ова е Артур", се јави уште еден глас. "Дури и будалиот го знае тоа". Мерлин со погледот ја најде личноста која го кажа тоа - старата слугинка во аголот - па ја отстрани и неа од салата. Целиот дворец беше збунет, но волшебниковиот предизвик сега се претцори во игра.

Имаше различни одговори: син на Атер пендрагон, владетел на Камелот, суверен на Англија. Мерлин не прифати ниеден, дури ни подобрите одговори како Адамов син, цветот на Албион, човек меѓу луѓето итн. На крајот и Гиневера беше вовлечена во играта и промрмори: "Ова е мојот сакан маж". Мерлин само одмавна со главата. Еден по еден, сите ја напуштаа салата се додека не останаа само волшебникот и кралот.

"Мерлине сите не збуни", му призна Артур. "Ама јас сум сигурен кој сум. Затоа ова е мојот одговор: јас сум твојот стар пријател и ученик". По кратко двоумење, Мерлин го отфрли и тој одговор како што направи и со предходните, па кралот немаше друг избор освен да си оди. Од љубопитство од вратата гледаше што се случува во салата. На негово изненадување, Мерлин пријде до прозорецот, ја отвори вреќичката и го истури златниот прав.

"Зошто го фрли скапоценото злато?", извика Артур, неможејќи да се совлада.

Мерлин се обѕрна. "Морав", рече. "Ветерот ми кажа кој си".

"Ветерот? Но ветерот не рече ништо".

"Токму така".

Патот на волшебникот - Дипак Чопра.

[QUOTE="Abraxas, post: 331038, member: 2368"] По многу години, Мерлин исчезна од Артуровиот живот, а потоа еден ден ненадејно се појави, качувајќи се од шумата кон Камелот. Бескрајно весел заради повторната средба со својот учител, кралот Артур нареди во чест на Мерлин да се приготви гозба. Меѓутоа, Мерлин се однесуваше чудно, гледајќи го својот поранешен ученик како никогаш да не го видел. "Можеби би можел да дојдам на таа гозба, ако си ти оној за кој мислам дека си", рече Мерлин. "Ама кажи ми искрено, кој си ти?" Артур се скамени, но пред и да може да протестира, Мерлин им се обрати на насобраните, гласно велејќи: "На оној што ќе ми каже која е оваа личност, ќе му ја подарам оваа вреќичка со златен прав". Во тој момент, во неговата рака се појави кожено снопче полно со чисто злато. Збунети и нерасположени, витезите на Округлата маса не одговорија. Тогаш истапи младиот паж: "Сите знаеме дека ова е кралот". На ова Мерлин одмавна со главата и пажот мораше да ја напушти салата. "Зар никој не знае кој е овој?", повтори. "Ова е Артур", се јави уште еден глас. "Дури и будалиот го знае тоа". Мерлин со погледот ја најде личноста која го кажа тоа - старата слугинка во аголот - па ја отстрани и неа од салата. Целиот дворец беше збунет, но волшебниковиот предизвик сега се претцори во игра. Имаше различни одговори: син на Атер пендрагон, владетел на Камелот, суверен на Англија. Мерлин не прифати ниеден, дури ни подобрите одговори како Адамов син, цветот на Албион, човек меѓу луѓето итн. На крајот и Гиневера беше вовлечена во играта и промрмори: "Ова е мојот сакан маж". Мерлин само одмавна со главата. Еден по еден, сите ја напуштаа салата се додека не останаа само волшебникот и кралот. "Мерлине сите не збуни", му призна Артур. "Ама јас сум сигурен кој сум. Затоа ова е мојот одговор: јас сум твојот стар пријател и ученик". По кратко двоумење, Мерлин го отфрли и тој одговор како што направи и со предходните, па кралот немаше друг избор освен да си оди. Од љубопитство од вратата гледаше што се случува во салата. На негово изненадување, Мерлин пријде до прозорецот, ја отвори вреќичката и го истури златниот прав. "Зошто го фрли скапоценото злато?", извика Артур, неможејќи да се совлада. Мерлин се обѕрна. "Морав", рече. "Ветерот ми кажа кој си". "Ветерот? Но ветерот не рече ништо". "Токму така". Патот на волшебникот - Дипак Чопра. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Литература и книжевност
Извадоци од книги
На врв
Bottom