Зa дoбрoтo нa семејствoтo...

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Доколку човек не е спремен на компромиси и мали отстапки од ергенскиот живот... подобро да не се жени/мажи.
Кариеристи... многу ретко успеваат да имаат успешен брак, и покрај таквиот брак, за жал најмногу страдаат децата. Па уште ако двајцата се кариеристи... супер, убаво за бракот, ама за децата... перфектно, ќе си гушкаат вселенски бродови дома.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Big Berta

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Пример, да кажеме дека се работи за страствен навивач на некој клуб. Си навива од мал за нив, не пропушта ни една утакмица, навикнат е на тоа, нормален дел му е од животот и сега доаѓа време да се ожени и да има деца. И клубот му игра во недела, а недела според жена му е ден кога целото семејство е слободно и треба да се руча заедно. И сега, сакав да прашам правилно е да гледа натпревар или да руча со семејството после една цела напорна работна недела каде никој со никој салам не се видел?

Имаше еден документарец за фановите на Вест Хем. Еден од нив не пропуштил натпревар на клубот од мал, ама му се совпаднала свадбата со натпревар. Отишол во црква, ги завршил адетите, и кога требало да почне прославата ја киднал со кумот низ задна врата и на фудбал... True story.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Гледaв еден филм кaде глaвниoт лик е oпседнaт сo прoфесијaтa (писaтел нa крими рoмaни спoред вистински прикaзни) a негoвaтa женa е прoтив тoa зoштo мисли декa времетo штo спoред нејзе зaлуднo гo трoши нa пишувaње и истрaжувaње, мoже дa гo пoмине сo негoвите децa.
Тoј се oбидувa дa и кaже декa рaбoтaтa му претстaвувa зaдoвoлствo и не сaкa дa се oткaже oд неa и плус oд тaму гo вaди лебoт зa семејствoтo, a тaa е уверенa декa ништo не е пoвaжнo oд семејствoтo и мoментите пoминaти сo негo, и декa тaквите прикaзни влијaaт лoшo врз рaзвoјoт нa нивните децa.

И тукa нaстaнувaaт рaспрaвии и прoблеми, секoј е убеден декa е вo прaвo и декa другиoт мoрa дa гo прифaти тoa пo секoјa ценa...

И сегa јaс пoчнaв дa гo рaзбирaм мaжoт. Вaљдa стaпувaњетo вo брaк не е крaј нa живoтoт и крaј нa сите желби и зaдoвoлствa.
Oк е дa се нaјде некoјa срединa, нo не и сoсемa чoвек дa гo жртвувa oнa штo гo испoлнувaлo дo пред тoa, зa дa сегa имa хaрмoнијa вo дoмoт.

Дaли е себичнo oд едниoт пaртнер дa бaрa другиoт дo крaјoт нa живoтoт дa биде пoсветен сaмo и сaмo нa семејствoтo, дa зaбoрaви нa се oнa штo не се сoвпaѓa вo прикaзнaтa зa еднo хaрмoничнo семејствo, или вo брaкoт тoa се нoрмaлни рaбoти кoи требa дa се случaт и прифaтaт и кoј не мoже дa гo рaзбере тoa, никoгaш немa дa биде дoбaр пaртнер и рoдител, себичен е и гледa сaмo нa свoите пoтреби?

Кoјa стрaнa е себичнa и дaли и кoлку чoвек требa дa се жртвувa вo брaкoт?

Бирaње нa нaслoв секoгaш ми билo прoблем, пoдoбaр не мoжaм дa смислaм, мислете и сменете гo.
Ај од другата страна да ја разгледаме ситуацијава...:)
А нејзе не и’ се сменил животот?
Не се откажала таа од многу работи?
Таа буквално нема ни 5 минути да си ги посвети себеси и на она што го сака, зашто нема време, презафатена е со удоволување на потребите на сопругот и на децата.
Мислам дека никој не ја цени пожртвуваноста на жената во еден брак и општо во домот...
И јас не сум ја ценела досега...
И премногу е ако бара таткото да поминува повеќе време со децата?
Не велам дека партнерите не треба да прават што сакаат, сепак бракот е компромис...
Ама кога ќе стапиш во брак во главата треба да си разграничиш дека приоритетите од тој момент натаму се менуваат...
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Е па тоа ми беше прашањето, себично ли е од мажот ете во случајов што не сака да се откаже од она што го исполнува или себично е од жената што бара тој да се откаже, онака директ крај без компромис без разговор, решена е дека работата го одделува од децата и мора да ја напушти. Може тој не гледа така на тоа, таа си мисли дека правилно е така, тој си мисли поинаку.
Се согласуваме дека компромисот е најбитен, ама овде испаѓа дека со самото тоа што жената е жена, раѓа и чува деца, има потешка улога и никој не ја сфаќа, автоматски ја прават да биде во право за се?
Мада јас врска немам како е да си во брак, само онака си правам муабет.
 
Себичноста ја гледам кај мажот...
Мислам дека ниедна разумна жена не би правела проблем за ништо (хоби, фудбал итн) ако сопругот/таткото одвои некој саат во денот да му се посвети на семејството...
Сепак мислам дека ништо не е поважно од тоа...
Интересно е како кога некој ќе се поболи или кога ќе му се случи нешто лошто, особено на дете, одма сите најдуваат време и се откажуваат од се’...Значи сепак е возможно и сепак се може, ако се сака...
Нормално е дека денес егзистенцијата е тешка, и дека треба да работиме како коњи за да опстанеме со минимални средства, ама децата тоа не го гледаат како нас и не го разбираат како нас...
На децата не им е битна играчката што ќе му ја купиме, ќе ја заборави за ден два...Нив им е битна љубовта и вниманието кое го добиваат од родителите и тоа е тоа што го памтат засекогаш...
Не знам за кој филм станува збор и не можам да коментирам за дејствијата во него...
И не, жената со тоа што станала сопруга и мајка не значи дека по автоматизам таа е во право за се’...ама треба да се најде баланс...секој партнер да си најде време за себе и за своите потреби а притоа да не биде запоставено семејството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Prashina