Зошто го сакате светот?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Затоа што светот е дом на оние што најмногу ми значат. Да не постоеше светот немаше да постојат ни тие, а впрочем ни јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Светот??
Го сакам светот затоа што го сакам животот.
Поврзани се еден со друг.
Го сакам светот, затоа што знае да биде толку комплициран а сепак толку едноставен и прекрасен.
Го сакам светот заради виножитото, дождот.
Заради совршената игра на денот и ноќта.
Заради шансите кои ни ги нуди. Заради луѓето и нивното постоење.
Го сакам светот затоа што е магичен.
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Зошто го сакам светот?
Реално, малку ми е просторов за пишување за да набројам зошто и колку го сакам светот, ама ќе се обидам во 2-3 реченици да си ги средам мислите.
Светот го сакам поради неговите бои, мириси, звуци, слободата, чувствата... Светот го сакам затоа што има милиони различни видови на живи организми, кои навидум различни, сите опстануваат со помош на три фактори: сонце, вода и воздух. Го сакам поради создавањето и подарувањето на нови животи, поради луѓето (неважно дали се блиски или непознати), сите тие направиле нешто за, или им подариле нешто на блиските или пак на сите во светот(сликарите, писателите, музичарите)... Го сакам поради прекрасните денови и мистериозните ноќи, ама најмногу од се, го сакам поради семеството и детските насмевки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Измеѓу се останато заради луѓето.
На работа кај мене има толку различни интересни луѓе со толку различни карактери што никогаш не ми досадува да одам на работа.
Секој ден запознавам некои нови лица и секој ден се повеќе и повеќе ги сакам.
Еден нормален нема,се откачено е.Најинтересни ми се оние кои се такви какви се без да сокриваат дел од себе.
Има и подмукли,двочични и површни.Но некако разбирам што се крие позади тие особини и пак ми се драги.
Сакам кога се концентрирам на нивните позитивни особини и ги откривам истите во секој од нив,а стварно сите имаат по нешто привлечно и посебно на себе.
Ми се допаѓа и кога ги откривам дел по дел оние темни делови кои не се покажуваат така отворено и често.
Па и депресивците и негативците ми се интересни.
Туку поентава ми беше:
Го сакам светот поради луѓето кои се толку посебни единки.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Затоа што е полн со имбецили и знаеш дека некој живот ти дал за да се множиш со нив. И не е како во математиката минус и минус да дадат плус...
И така излегуваат уште повеќе имбецили, ама светот си наоѓа начин да елминира еден мал дел од нив со процесот наречен „Природна селекција“.
Thank you world for giving us that little insignificant hope.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Го сакам светот затоа што ми дава услови јас да постојам како човечко суштество и сите оние кои ги сакам и мразам. Посебно ми е мило оние што ги мразам што се тука, ако ништо друго се занимавам со нив во слободно време. Fuck yea!

Како и да е, мислам дека е (пре)глупа темата!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што значи космополит?
Оној кој сака да го види светот во секакво светло, било да е како домаќин или странец. Но никогаш предрасудите не го тераат да замрази нештото пред да биде добро осознаено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena