Малку посериозна тема Не можеме да си избегаме од секојдневието, сепак. Веќе се навикнавме на постојани закони и измени на законите. Но, во овој некако нема наши-ваши сите ги засега или барем 80 % од луѓето. Колку ви се прифатливи измените и зголемувањето на границата за наплаќање од 9.600 на 21.000 денари? Сметате дека е доволно или дека треба да биде повисока? Дали воопшто сметате дека треба да постои ваков закон? Колку мислите дека ќе се почитува? Имате ли вие некој предлог со кој ем нема да треба пола заработка да се дава, ем ќе може да бидете заштитени и обезбедени со здравствено и пензиско осигурување?