1. Во подфорумот Општи муабети секој член има слобода да коментира и создава нови теми за дискусија.
- За коменитрање на одредена тема задолжително користете кирилица.
- Коментарите што ќе бидат напишани на латиница ќе бидат избришани.
- Бидете учтиви кон останатите членови.
- Веројатно нема да имате исти мислења со останатите членови, па не се препукувајте, не провоцирајте и не се однесувајте агресивно кон нив, мислењата со такво однесување ќе бидат отстранети.
- Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави“. Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците.
- Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл.
- Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“!
- Не испраќајте смајлиња без текст.
- Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „измени“.
- Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови;
- Не отворајте дупли теми. Пред да отворите одредена тема, пребарајте дали веќе има таква.
- Пред темата да ја сместите во Кафе муабети, разгледајте низ форумот. Можеби постои посоодветен подфорум за вашата тема.
- Насловот на темата треба да е соодветен и да ја опишува содржината. Не се дозволуваат наслови како: „Помош!“, „Итно е!“, „Голееем проблем“, „Help...“ и сл.
- Темата да поттикнува дискусија.
- Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата.
- Доколку бришете сопствено мислење, образложете причина зошто го бришите.
- Доколку забележете одредени неправилности, пријавете го мислењето образложувајќи причина или обратете се кај мене преку порака.