Задолжително да се прочита!

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
1. Во подфорумот Општи муабети секој член има слобода да коментира и создава нови теми за дискусија.
  • За коменитрање на одредена тема задолжително користете кирилица.
  • Коментарите што ќе бидат напишани на латиница ќе бидат избришани.
  • Бидете учтиви кон останатите членови.
  • Веројатно нема да имате исти мислења со останатите членови, па не се препукувајте, не провоцирајте и не се однесувајте агресивно кон нив, мислењата со такво однесување ќе бидат отстранети.
  • Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави“. Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците.
  • Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл.
  • Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“!
  • Не испраќајте смајлиња без текст.
  • Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „измени“.
  • Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови;
2. Создавање на тема

  • Не отворајте дупли теми. Пред да отворите одредена тема, пребарајте дали веќе има таква.
  • Пред темата да ја сместите во Кафе муабети, разгледајте низ форумот. Можеби постои посоодветен подфорум за вашата тема.
  • Насловот на темата треба да е соодветен и да ја опишува содржината. Не се дозволуваат наслови како: „Помош!“, „Итно е!“, „Голееем проблем“, „Help...“ и сл.
  • Темата да поттикнува дискусија.
  • Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата.
  • Доколку бришете сопствено мислење, образложете причина зошто го бришите.
  • Доколку забележете одредени неправилности, пријавете го мислењето образложувајќи причина или обратете се кај мене преку порака.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
There's a new sheriff in town. :cool:

Само да ве потсетам да не ги заборавите правилата што се пишани погоре. :)

Темите со глупав вовед ќе ја полнат кантата, така да ако мислите да отварате тема нека бидат насловот и воведот добри.

Истото важи и за мислењата на латиница. Не сакаме очите да ни паѓаат додека читаме.
Ако пишувате на латиница прво си добивате жолт картон, а ако терате инает добивате зимски одмор. :)

Поздрав. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.