Кога сакаме да ослабиме најчесто посегнуваме по диети кои ни ги советуваат нашите пријателки,комшивки иако знаеме дека нивните ефекти се најчесто краткотрајни.
Дали можеби треба да се запрашаме како долгорочно да ги смениме навиките?
Јас лично мислам дека најдобрата диета е онаа кога ќе успееме свесно да го контролираме гладот и да правиме разлика меѓу физички и емотивен глад.
Еве некои совети кои неодамна ги прочитав:
Експертите предупредуваат дека постојат значителни разлики помеѓу физичкиот глад и емоционалниот, т.е. јадење предизвикано од вистински глад и јадење предизвикано од емоции.
·Емоционалниот глад се појавува одеднаш, а физичкиот се „создава“ постепено.
·Ако страдате од емоционален глад, склони сте да јадете одредени храни како сладолед, чипси, пица и само таа храна ќе ве задоволи. Доколку јадете затоа што навистина сте гладни, ќе размислите и за други опции и ќе вклучите свесно и поздрава храна.
·Емоционалното јадење не престанува кога вашиот глад е задоволен и продолжувате додека не се прејадете. Ако јадете поради вистински глад, најверојатно ќе престанете да внесувате храна кога ќе почувствувате дека гладот исчезнал.
·Емоционалниот глад ве принудува да јадете веднаш и тоа храна која ја посакувате. Физичкиот глад ви кажува да преферирате да јадете сега, но не ве принудува тоа да се случи веднаш во тој момент.
·Емоционалниот глад започнува во истата и во главата. Вашата уста сака да вкуси пица или сладолед, а вашиот ум постојано раѓа мисли за посакуваните храни. Физичкиот глад се појавува во стомакот и се препознава по одредено чувство на празнина, кркорење на цревата и понекогаш дури и по болка.
·Откако ќе биде „задоволен“ емоционалниот глад, тој предизвикува чувство на вина. Ако јадењето е предизвикано од вистински физички глад, не се појавува чувство на срам или вина од изеденото количество храна.