Емоциите и храната

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Кога сакаме да ослабиме најчесто посегнуваме по диети кои ни ги советуваат нашите пријателки,комшивки иако знаеме дека нивните ефекти се најчесто краткотрајни.
Дали можеби треба да се запрашаме како долгорочно да ги смениме навиките?
Јас лично мислам дека најдобрата диета е онаа кога ќе успееме свесно да го контролираме гладот и да правиме разлика меѓу физички и емотивен глад.
Еве некои совети кои неодамна ги прочитав:

Експертите предупредуваат дека постојат значителни разлики помеѓу физичкиот глад и емоционалниот, т.е. јадење предизвикано од вистински глад и јадење предизвикано од емоции.
·Емоционалниот глад се појавува одеднаш, а физичкиот се „создава“ постепено.
·Ако страдате од емоционален глад, склони сте да јадете одредени храни како сладолед, чипси, пица и само таа храна ќе ве задоволи. Доколку јадете затоа што навистина сте гладни, ќе размислите и за други опции и ќе вклучите свесно и поздрава храна.
·Емоционалното јадење не престанува кога вашиот глад е задоволен и продолжувате додека не се прејадете. Ако јадете поради вистински глад, најверојатно ќе престанете да внесувате храна кога ќе почувствувате дека гладот исчезнал.
·Емоционалниот глад ве принудува да јадете веднаш и тоа храна која ја посакувате. Физичкиот глад ви кажува да преферирате да јадете сега, но не ве принудува тоа да се случи веднаш во тој момент.
·Емоционалниот глад започнува во истата и во главата. Вашата уста сака да вкуси пица или сладолед, а вашиот ум постојано раѓа мисли за посакуваните храни. Физичкиот глад се појавува во стомакот и се препознава по одредено чувство на празнина, кркорење на цревата и понекогаш дури и по болка.

·Откако ќе биде „задоволен“ емоционалниот глад, тој предизвикува чувство на вина. Ако јадењето е предизвикано од вистински физички глад, не се појавува чувство на срам или вина од изеденото количество храна. :)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја неможу да ги сфату тија што едеф зависно а имаф проблеми сс килажу. Па едн пут се живи(цензура), мора ли тј едн живот да га живиш сс вишак на килажу, ај да е некоја умерена па и па, али кд ке виду дебел/о девојче/дечко а еде како никад да не видело стм'ни ми се искрено. И ја сакам да кусну да пину али сфе тој умерено и од мерак, а не да бутам да се прееду да ме боли стомаче
Ја мислу дека сфак ако сака може да гу постигне туј килажу која наише му одговара. Сс правилну исхрану и трчање вежбање или било што може да се ослабне. Нервираф ме зависници од храну,благо,сокови...
 

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Точно...ама треба да станат свесни дека треба да се контролираат,тоа е најтешкиот дел :)