Е-цигарата е револуционерен производ кој им овозможува на пушaчите на најбезболен можен начин да се решат од штетното пушење на тутунските производи. Пушењето на е-цигарата неспоредливо е поздраво од пушење на класична цигара. Покрај тоа е-цигаратаможе да се пуши и на места кои се забранети за пушење на класичните цигари. Пушењето на е-цигарата е дозволено затоa што тие не се тутунски производ, немаат никаква врска со тутунот и не предизвикуваат пасивно пушење. Е-цигарата е поздрава, дозволена и штедлива алтернатива.
Секако дека би било најдобро да се откажете од пушењето, но како што знаете, тоа не оди баш лесно. Ова е една од алтернативите, која ви овозможува да пушите поздраво. Името е-цигара стана вообичаено за новата генерација на цигари, кои во суштина се електронски спој замислен како замена за класичната цигара. Пушење на е-цигара се нарекува е-пушење.
Со користење на е-цигарата ќе немате потреба од пушење на тутунските цигари. Веќе по 15-20 дена ќе осетите битни разлики во здравјето, како и во чувството за мирис и вкус. Полека со тек на времето се губат сите симптоми настанати од пушењето класични цигари. Доколку по 2-3 недели на користење само на е-цигарата пробате тутунска цигара, нејзиниот вкус и мирис ќе ви бидат непријатни.
За што се работи? Електронската цигара изгледа исто или слично како и обичната цигара, но во неа нема штетни состојки како што се катранот, јаглеродниот моноксид и стотини други, туку само никотин, пропилен гликол (или растителен глицерол) и одредена арома. Како тајната на уживање во пушењето е токму во никотинот, е-цигарите ви овозможуваат да се чуствувате подобро, изгледате помладо, да бидете поздрави, имате повеќе енергија, поголем имунитет, да ги немате симптомите кои настануваат поради пушењето, а сепак и понатаму да уживате во ритуалот на пушењето. Кога ја пушите е-цигарата вдишувате пара збогатена со никотин. Чадот кој го издишувате всушност е пареа, која брзо се губи во воздухот и не е штетна ни за околината ниту за Вас.
Начин на користење на Е-цигарата:
По правилното местење на влошката (никотинското полнење) и батеријата, Е-цигарата е спремна за користење. Уредот се вклучува со лесно вовлекување на воздух низ инхалаторот во водорамна положба. По 15 непрекинати вовлекувања LED сијаличката на врвот ќе почне да трепка како знак дека треба да направите пауза (симулира 1 класична цигара која дава 12-15 вовлекувања). Вовлекувањето треба да трае 3-4 секунди како респираторот би се загреал и би создал чад. Ако вовлекувате прејако може да се случи да вовлечете и капка од никотинската течност, па затоа треба да вовлекувате умерено. Најдобро е да се вовлекува со минимална сила која ја активира батеријата. Кога ќе престанете со вовлекување цигарата автоматски се гаси.
Кога ќе приметите дека количеството на чад се намалува, треба да се замени влошката. Истотака, кога се намалува силата на литиумската батерија, индикаторот на врвот на цигарата непрекинато ќе трепери и тогаш треба да се замени батеријата (кај некои модели LED сијаличката ќе трепери по 5-7 секунди вовлекување, што значи дека се активирал граничникот кој ја гаси батеријата заради долго вовлекување).
Делови на сетот:
Никотинско полнење (влошка, рефил, кертриџ):
Никотинското полнење на е-цигарата содржи инхалатор и резервоар на течноста. Полнењата може да се користат еднократно или може да се надополнуваат со е-течнста кога ќе се испразнат. Течноста со никотинот (е-течноста) сместена е во резервоарот и не е опасна за човечкото здравје. Може да се изберат влошки со различна концентрација на никотин: висока, средна, ниска и без никотин.
Замена на никотинските полнења:
Кога количеството на чад ќе почне да се намалува, заменете го никотинското полнење ( рефил,влошка).
Е-течност
Е-течноста е течност која се наоѓа во никотинските полнења. Доаѓа спакувана во шишинца, а како таква се користи за накапување на 1-3 капки директно на распрснувачот на е-цигарата или за полнење на празните никотински полнења.
Батерија и полнач:
Е-цигарата користи користи специјална 3,7 V литиумска батерија која како и полначот не може да се замени со друг вид на батерија, односно полнач. Влезната волтажа за полначот е 100-240 V 50/60 Hz.
Начин на полнење на батеријата:
Кај употребата на овој уред, индикаторот на е-цигарата трепери и така покажува дека батеријата треба да се наполни. Вклучете го кабелот од полначот во струја и завртете ја батеријата на местото предвидено за полнење. По полнењето од 1-4 часа (во зависност од моделот), индикаторот ќе покаже залено светло што значи дека батеријата е полна и спремна за употреба.
Внимание:
- Забрането е држење на полначот и на батеријата во близина на високи температури.
- Ако приметите било какво загревање, промена на бојата или деформација при полнењето, веднаш исклучете го полначот од напонот и не ја употребувајте повеќе.
- Овој полнач може да се користи само за полнење на батериите на нашата компанија.
- Чувајте ги е-цигарата, е-течноста, полначот и никотинските полнења подалеку од дофат на деца.
- Никотинската течност не смее да дојде во контакт со слузницата, а до тоа може да дојде ако Е-цигарата при употреба не се држи водорамно и се повлекува пресилно.
- Е-течноста содржи висока концентрација на никотин, па поголема количина проголтана одеднаш може да биде отровна.
- Овој уред на висока електроника е осетлив на удари и други механички оштетувања.
- Во желба да ве спречиме да ја користите е-цигарата премногу, индокаторот ќе светли 10 секунди да Ве потсети дека сте повлекле 15 пати едно подруго (колку треба да се испуши една класична цигара).
Употреба на е-цигарата не се препорачува на:
- малолетни лица под 18 години
- непушачи
- луѓе алергични на никотин или било која друга компонента на влошката
- трудници и доилки