Експериментот Филаделфија

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не знам дали имате слушнато за овој таен експеримент на американската морнарица кој е направен во 1943 година во Филаделфија, во кој учествувал еден нивни воен брод.

Постојат многу верзии на оваа тема, за некои е вистина а повеќето научници оваа приказна ја сметаат за невистинита.
Иначе се работи за експеримент за создавање на електромагнетно поле околу воен брод со што бродот би станал невидлив.

Тестирањето започнало во летото 1943. На 22 јули е направен првиот тест кој бил половично успешен, бродот бил невидлив но се гледала зелена магла околу него. После тоа членовите на екипажот се пожалиле на мачнина.

Вториот тест е направен на 28 октомври 1943, овој пат бродот целосно исчезнал и истовремено бил виден во морнаричка база одалечена 600км, за да потоа исчезне и од таму и се врати во Филаделфија.
После вториот тест скоро сите членови на екипажот заболеле од тешки болести, кој од шизофренија или некои други ментални болести, а петмина биле најдени споени за металот на бродот.
Оние кои преживеале и останале здрави, биле отпуштени од морнарицата и им било направено "перење на мозокот" за да заборават на експериментот.

Верувате ли ова? Можно ли е?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
па колку шо иам читано и слушано како русите правеле експерименти со луѓе
германците исто...не ме чуде и ова...туку дај некој факт нешто видео ово оно нема никакви докази за ова ??
пошто ако нема луѓето ќе го гледат само како една обична измислена приказна за америка да брави прашина само за да привлече внимание
искрено верувам дека се правеле екперименти ама да е ова точно...незнам може има нешто ама не се
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Altaïr најде ли нешто за ова оти ја ништо неам најдено....:^)
зошто ме интересира какви екперименти имат праено затоа...и ако имат праено...
Читав некаде, кога ќе дојдам дома ќе го најдам и ќе го ставам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav