Егзотични и необични дестинации

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
Во оваа тема можете да постирате фотографии од егзотични места во светот, природни светски чуда, необични места, извонредни и совршени природни чуда, едноставно се што е поразлично од тоа што го гледаме секој ден и се што заслужува восхит. Еве ќе почнам јас со едно ремек дело на природата .


1. Кристалната река во Колумбија
26-Kristalna-reka-koja-se-preleva-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_.jpg

3-Kristalna-reka-koja-se-preleva-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ако сте професионален нуркач морате да ја посетите Cenote Angelita Mexico. Овие неверојатни слики се дело на Anatoly Beloshchin и се сликани во пештерата...

...Cenote Angelita во Мексико. Ова е неговиот опис:
„Се наоѓам на 30 метри длабочина, овде има слатка вода, на 60 метри длабочина има солена вода и под мене гледам река, остров и паднати лисја од дрва...всушност, реката која ја гледате е од хидроген сулфиди.“
podvodna-reka-vo-meksiko-1.jpg

podvodna-reka-vo-meksiko-2.jpg

podvodna-reka-vo-meksiko-3.jpg

Сигурно е неверојатно доживување да си таму...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,282
9,124
1,683
68243259.jpg

Фестивал на линмонот во Ментон, Франција

320446960-30173316.jpg

Остовот Мејкпис

308271820-30173324.jpg

Островот Галешњак
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Бора Бора е остров од групата Заветрени Острови кои спаѓаат во Француска Полинезија. Се наоѓа на 260 километри од главниот град Папетеа. Опкружен е со корални гребени и лагуна. Во средината на островот се наоѓаат остатоци од некогашниот вулкан во облик на два врвови – Пахие и Отемануа кои достигаат висина до 727 метри.

bora-bora-02.jpgbora-bora-03.jpgimg4c9a346cee2fb.jpg

Во 2000 година бројот на популација изнесуваше 4 000. Најмногу е населен Ваитапе којшто се наоѓа на западниот дел на островот.

Името Бора Бора потекнува од тахичанскиот јазик и означува “Прво раѓање“. Изворно се изговара “пора пора“. Јадењето е ограничено на морско и кокосово.

За време на Втората светска војна, после јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, Бора Бора станува јужнопацифичка американска воена база. Тоа го означува првото воено присуство во историјата на островот. Базата е затворена на 2 јуни 1946 година, меѓутоа голем број на војници останаа да живеат таму, заедно со нивната фамилија.

Денес островот зависи од туризам. Најмногу го посетуваат американски и јапонски туристи кои постојано доаѓаат на оваа туристичка дестинација и се воодушевени од прекрасната природа и преубавите плажи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кралската Патека (El Caminito del Rey)

Кралската Патека е руинирана и крајно опасна поплочена патека на кањонот Ел Чоро во Андалузија, Јужна Шпанија. Изградбата траела од 1901 до 1905 година, а во 1921, кралот Алфонсо XIII ја преминал за отворањето на браната. Оттогаш, патеката го носи денешното име. По долги години без одржување, патеката е во ужасна состојба и движењето по површината широка едвај 1 метар, на височина од 300 метри над реката е на сопствен ризик.


Кој би сакал да е овде? :D