Држави за кои не знаеме многу

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Никарагва или официјално Република Никарагва е најголемата држава во Средна Америка со вкупна површина од 130.373 километри квадратни. Никарагва се граничи со Хондурас на север и со Костарика на југ. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е Манагва, каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и официјален јазик во државата е шпанскиот јазик.

nicaragua-flag.gif

Макао - посебен административен регион на Народна Република Кина или само Макао. Макао бил административен дел на Португалија до 1999. година, Макао е најстарата европска колонија во Кина, уште од шеснаесетиот век (1557). Макао е од 1999. Овој регион е еден од двата "посебни административни региони" во Кина, по Хонг Конг. Жителите на Макао воглавно зборуваат кантонски кинески. Мандарински кинески, португалски и англиски се исто така во употреба.
Макао се состои од полуостровот Макао и два острова - Таипа и Колоане, кои се поврзани со земја која е земена од морето (reclaim land).
Макао е богат со споменици од колонијалната доба. Главните извори на приходот се туризам (во 2000 имало 8 милиони посетители) и игри на среќа, затоа што Макао го викаат "Монте Карло на истокот ". Најпопуларна игра е Паи Гоу, врста на кинески домина. Во Хонг Конг, како и во Кина, коцкањето е забрането. Во 2004, областа имала заработка 5 милијарди американски долари од игрите на среќа. По тоа Макао се изедначува со Лас Вегас. Градот е познат по автотрките кои се одржуваат секоја година во ноември. Исто така, секоја година се одржува натпреварување со огномет во кое учествуваат бројни земји од светот. За време на натпреварувањето, секоја сабота се претставуваат по две држави.
Во Макао коцкањето е многу популарно, затоа што е дозволено, компанија од Лас Вегас да отвара казина. Моментално се градат неколку казина, од кои највеќе внимание одвлекува "The Venetian", кое се гради на земјата од море помеѓу двата острова.

macau-flag-b.jpg

http://www.travelchampion.com/list-of-world-countries.htm

Да го скршам јас мразот со две не толку познати држави за нас.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Антигва и Барбуда е островска држава во Средна Америка. Државата е дел од островската група Мали Антили и западно од неа се наоѓа Карипското Море, додека источно е Атлантскиот Океан. Таа е составена од два поголеми острови Антигва и Барбуда и уште неколку други помали островчиња.
Вкупната површина на Антигва и Барбуда изнесува 442 километри квадратни и има население од вкупно 85.632 жители. Населението е воглавно мешано од западноафриканци, Британци и Португалци. Јужно од државата се наоѓа зависниот островот Гвадалуп, југозападно се наоѓа зависната територија Монтсерат, западно се наоѓаат државата Свети Китс и Невис и зависната територија Сент Еустатиус и на северозапад се наоѓаат зависните територии Сент Бартелеми и Сент Мартен. Официјален јазик е англискиот јазик, додека главен град на државата е Сент Џон. Често локалното население својата држава ја нарекува со поранешното име Вадади.

690px-Flag_of_Antigua_and_Barbuda.svg.png

 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Того или официјално Тогоанска Република е држава во Западна Африка. Того се граничи со Гана на запад, Бенин на исток и со Буркина Фасо на север. На југ државата излегува на Атлантскиот Океан преку Гвинејскиот Залив каде се наоѓа и главниот град Ломе. Вкупната површина на Того изнесува 57.000 километри квадратни со вкупно население од околу 6.7 милиони жители.
Того е тропска, субсахарска држава која е зависна од земјоделството со клима која е погодна за истото. Официјален јазик во Того е францускиот јазик, но се зборуваат уште многу други јазици. Околу половина од населението живее во сиронаштија со 1.25 американски долари на ден.
Того својата независност ја стекнало од Франција во 1960 година. Во 1967 година, Гнасинбе Ејадема ја предводел војската и станал претседател на Того. До неговата смрт во 2005 година, тој бил африкански лидер кој најдолго бил на таа функција, со период како претседател од 38 години.

800px-Flag_of_Togo.svg.png
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Андора е парламентарно кнежество во југозападнаЕвропа. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ соШпанија. Со вкупна површина од само 468 km², Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Велја.

800px-Flag_of_Andorra.svg.png11669-andorra_europe_24.05.2012_5.jpgandorra_3277_600x450.jpg

Иако е мала, убава земја е. Колку само сакам да сум во вилата на планина.