Дресура

nikola369

Нов член
9 мај 2012
15
9
3
27
Не само сакам да не биде плашлив односно да не се плаши од други кучиња, сакам само да биде малку похрабар.
 

nikola369

Нов член
9 мај 2012
15
9
3
27
Расата е амерички стафордски териер и е стар скоро 5 месеци.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Еднаш имам дадено куче на дресер, и никад повеќе. Јас повеќе ќе го истренирам од него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kiko

kiko

Нов член
22 април 2012
5
5
3
25
мислам дека сам можам да си го учам кучето :D
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Дефинитивно не, ако веќе се нафаќаш да го чуваш треба да најдеш време и сам да си го воспиташ како што сакаш, и да го научиш на работите што ти сакаш/не сакаш да ги прави. Во ред е да го научиш да не гриза, да се одзива на името, стани/седни и други основни работи, но тоа го можеш и самиот, не ти треба дресирање од „професионалец“ - така само ќе го претвориш кучето во некое механичко суштество кое цел живот ќе ги следи твоите наредби, што според мене не е добро, со тоа само го ограничуваш. |-(

Инаку Dog Whisperer се уште го даваат на National Geographic мислам. Баш е интересен човекот, им навлегол во психата на кучињата, или бар прави да мислиме така. Добра е емисијата, ти дава некои совети, но најчесто се работи за проблеми со агресивност.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Мислам дека клучниот проблем кај луѓето што се против дресура е што кога ќе се спомне дресура, под тоа подразбираат тепање и малтретирање на кучето. Мило ми е што беше спомната емисијата Dog Whisperer и Цезар.
Значи кога се дресира кучето, не се носи кај дресер, кој ви го враќа после 2 месеци „испрограмирано“, туку се работи заедно со дресерот, кој доколку не знаете како да постапите и да го научите, ви посочува.
Нешто што мене лично најмногу ме нервира е кога кучињата ги шетаат газдите а не обратно. Тоа е типичен пример за куче на кого не му е дадено до знаење кој е газда и кој кого треба да слуша.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Мислам дека ако веќе се одлучувам да донесам нов член во фамилијата, треба да го третирам како таков а тоа значи да му се посветам.

Не може да одлучиш да чуваш куче само поради фактот дека комшиките ќе те гледаат како го шеташ низ маало.
Кучето бара внимание.

Кога го чував Роко, немав ама баш никаква потреба од дресери и врагови. Меѓутоа не сум ни против тоа, во рамките на нормална дресура нели.
Ако навистина газдата не знае како да му посвети внимание на кучето, нека даде таа работа да му ја завршат други, според мене нема потреба од тоа.

Пак ќе речам, ако не мислите да чувате куче ич не го ни земајте на душа.