Средни училишта за драма или средни училишта за современи уметности, какви што бараш, нема. Нема во Македонија, па нема ни во Америка. Можно е да имаш драма или некои слични предмети како училишна активност (Јосип Броз Тито, на пример, имаат одлични претстави кои ги прикажуваат во театри. Но, Јосип Броз е гимназија, и само тоа. Драмата е како додатна активност), но ништо повеќе.
Поголеми можности и поголем избор (вклучувајќи ја и драмата и останатите современи уметности) добиваш кога ќе завршиш средно и ќе се запишеш во факултет. И доколку веќе си толку приврзан кон драмата и современата уметност и сериозно размислуваш тоа да студираш и тоа да го правиш во иднината, те советувам надвор од Македонија да студираш тоа.