Дестинација за одмор? -предлози и прашања тука

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Доколку не знаете каде да појдете на одмор а ви треба предлог, обратете се и прашајте во оваа тема.
Доколку ве интересира тоа место кај што не се биле а би сакале да одите, секако, прашајте. Па некој што бил нека одговори или нека каже повеќе инфо за тоа место.

OnVacation2.jpg
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,282
9,124
1,683
ок. Дестинација за одмор... Можеби Сочи...
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Малтешкиот архипелаг е сместен во Средоземното Море – доволно блиску за да биде идеално место за одмор до каде не морате да патувате многу.

Најпознатите летувалишта на Малта настанати се во округот на стариот град и рибарските местенце.
Слиема е модерен град и престижна туристичка дестинација. Заливот St. Julians, е едно од поживите места и е секогаш полн со млади туристи, но и сите оние кои сакаат активен одмор и дење и ноќе.
Во Валета, главниот град на Малта, доминираат споменици и згради од кои најголем дел се под заштита на УНЕСКО.
Ако ја посетувате Валета, никако не ја пропуштајте катедралата Св. Иван во која е сместено едно од последните ремек дела на Караваџо, како и палатата на малтешките витези, која денес е седиште на претседателот и парламентот.
Островот Малта со околните острови Гозо и Колино нуди многу знаменитости за љубителите на водните спортови, културата, но и на оние кои бараат вистински одмор. Истражувајте го богатството на реликвии од нејзиното арапско минато.
Мала и уникатна земја која навистина вреди да се посети.

malta-soncevata-drzava-vo-srceto-na-mediteranot-2.jpgmalta-soncevata-drzava-vo-srceto-na-mediteranot-4.jpg

Ова ми е една од идните дестинации. Малта е прекрасна земја со многу убавини и вреди еднаш во животот да се појде на одмор. Видете го само морето какво е....мммммм.