Девојките и панк музиката

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има една тема за Панк ама е повеќе за ставање клипови, па така инспириран од темата за девојките и металот, ќе отворам за девојките и за панкот :zelen
Нормално, темата не е само за девојките, туку општа за оваа чудна музичка појава која почнала да еманира од Британија по светот, иако ако сте запознале ха-це панкер нема да можете да го одбегнете прашањето кога започнал панкот, дали Д Стуџис со Иги Поп се први панкеришта, дали се тоа Рамонс или сепак како што е најприфатено - дека панкот се породил со оној албумот на Секс Пистолс (невермајнд д болокс). Според мое скромно мислење тоа е еден од најзначајните албуми во историјата на популарната музика но тоа е друг муабет...:gladen

Одамна немам видено машко или женско (иако често не е лесно да се разликуваат, барем ако ги гледаш одзади) со Мохок фриз (локално познат како Ирокез!?) или со облека која асоцира на црвен крст заедно со впечатливи бои и додатоци по телото.
Дали панкот се упокои (графити панк ис дед - и зборот `ис` потоа прешкртано се урбано богатство) или како зомби се тетерави по светот кој стана нетолерантен кон овој вид имиџ или едноставно го прегази времето?

Металот можеби не е во фазата кога се фурале милиони продадени плочи и металците можеби се во намален број но сепак ги има како субкултура, додека последен панкер беше забележан во далечната 2010 година, оттогаш немам забележано присуство на панк особа...


И шо мислите вие за панкот и панк-рилејтид ствари?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Шо знам, јас би рекол дека протопанкот е крив за настанокот на панкот. Генерално женски што слушаат пунк се дрогашки, смрдат на пот, имаат лош фриз и пијат алкохол со сила за да бидат ха-це.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
абе шо ти е...ако немат стил...ако не носат мартинки или нитнарки на раце
ако не се облекуат искинато со беџови на палта и стегна фармерки ( мислиш ке испукаат од што се стегнати )
не пијат пиво....и немаат четки на глава ( да не заборавиме ) не се ха-це или пакн девојка....
:D:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Staring at the rude boys - The Ruts, еден од најдобрите панк рок бендови евер, иако сосема заборавени. Може само да се нагаѓа какви песни би имале понатаму после перфектниот старт - да не се случела трагедија - пејачот Малколм Овен бил пронајден мртов поради злоупотреба на хероин на негови 26. години. :(:(:( Две недели пред тоа бил пронајден обесен оној ликот од Џој Дивижн па така медиумите имале каде да ја насочат морбидната фасцинација со што смртта на великанот на Панкот останала скоро неприметена од јавноста :(
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
BTW интересно за панкот, можеби повеќе од било кој друг правец во музиката се жртвите кои бендовите ги положиле на олтарот на добриот звук.
Дури се зборува дека некои бендови ги загубиле комплетните оригинални состави поради хероин и алкохол ... во тоа време поголема шанса за преживување имале војници во Фокландската војна него членови на панк рок бенд во Британија :x
Нивните фанови снифале лепак со тоа емпатизирале во болката, нешто како лажна трудноча кај мажи :zelen
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За мене Death се почетокот на панкот. Иронијата е што се црнци :D

Ко што викаат многу музички критичари, Death were playing punk before punk was punk. Претходно се викале Rockfire funk express, а после Death (пореди некои правни глупостарии) се преименувале во The 4th movement.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За мене Death се почетокот на панкот. Иронијата е што се црнци :D

Ко што викаат многу музички критичари, Death were playing punk before punk was punk. Претходно се викале Rockfire funk express, а после Death (пореди некои правни глупостарии) се преименувале во The 4th movement.

Not bad actually. Прв пат слушам за бендов ама звукот е сосема before it was cool :)
Иако делот од 03.00 до 03.40 има металски призвуци малку.


Романтична и сензуална нумера на The Ruts. Текстот е љубаф на прв поглед. (inlove)
 

UpaDown

Нов член
30 мај 2014
20
3
3
За мене Death се почетокот на панкот. Иронијата е што се црнци :D

Ко што викаат многу музички критичари, Death were playing punk before punk was punk. Претходно се викале Rockfire funk express, а после Death (пореди некои правни глупостарии) се преименувале во The 4th movement.
Е, ова звучи пунк колку шо рикањето на магаре звучи ко хармоника. :D
Гаражен рок да, ама со пунк ова нема врска.
--------------------------------
Изменето поради недолично однесување.
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Официјалното гласило на МПЦ објавува листа на правци во музиката кои се дело на нечестивиот.
Според Пречесниот Архимандрил Лазар Витаниски панк рокот не заостанува зад металот и рокот во поглед на грешноста, порочноста и како замка на сатаната лови млади души кои се самоубиваат и со тоа си обезбедуваат вечни маки во казаните...

Но да му препуштиме збор на Лазе :

Целта и филозофијата на „панк-рокот" се состои во тоа публиката да се доведе до директно колективно лудило и насилство, вршење на злосторства и самоубиства. „Панкот" во потполност прифаќа и содржи во себе настрани постапки, како што се плукање, шутирање и скокање на други, нанесување повреди на себе и на други... До тој стадиум дошол „рок-ен-ролот" уште во 1985 година (зборот „панк" во Англија прво се користел за проституки од двата пола, а подоцна добила општо значење „џган").
http://preminportal.com.mk/content/view/2803/108/

:rofl(facepalm):rofl:eek::D

Диско-топките како пат во понорот...

„Диско-музиката" настанала во Њујорк во 1973 година меѓу хомосексуалците „на големата американска метропола". Натпис во „Дејли њуз" од 1978 година вака го прикажува „диско" - феноменот: „Бидејќи едни од други се изолирани со заглушувачка музика и се изгубени во заслепувачкото светкање на лајт-шоуто, оние што играат прават се што ќе им падне на ум, без никаква свест за било што, па секој од нив изгледа како бесен пред огледало, кој непрестано вика: Јас! Само јас! Само јас!"

Ај
кант
стоп
лафинг.

Фала Лазе, кој и да си, смеењето е здравје :zelen
 
Последна промена: