
Девојката чија харизма за посилниот пол беше вистински афродизијак е навидум толку обична девојка, но истовремено неспокој за толку многу мажи во градот. Дали ќе се појавеше во тренерки во маалската продавница или пак ќе блеснеше со сиот свој сјај во саботната ноќ, сите мажи остануваа занемени пред нејзината појава.
Додека жените ја доживуваа како конкуренција, мажите се обидуваа да пресметаат кои постапки и зборови ќе им требаат за да украдат барем поглед и насмевка од оваа дама, а да не стане збор за нејзиното присуство.
Тема број еден во машките кругови
Таа имаше се за што сонува секој маж. Мил поглед кој ветува љубов и мистериозна насмевка која провоцира, пристојно однесување и идеални облини, се тоа повеќе од доволна причина секој да ја посака покрај него и најважното, ја имаше самодовербата како ниедна друга жена.
Не постоеше машки разговор, а таа да не беше главна тема. Од фризурата до тоа кој е среќникот што и ја грее постелата, се тоа беше предмет на нивното дискутирање.
Постоеја и такви чиј очај дека неможе да ја имаат ги тераше да изнесуваат невистини и злобни коментари само да го засенат нејзиниот углед. Но, таа остана своја и доследна на својата самоувереност.
Кажи кој те има?
Никој не можеше да дознае кој ја има оваа дама која, ниту еднаш досега, не била видена со машка придружба. Дури и сама, секогаш била најдобра и најсилна. Отсекогаш била со насмевка на лицето како да се помирила со фактот дека животот ја чува за нешто повозвишено. Да, таа потсетуваше на девојка - див нарцис!
Осамена, но силна
Дали некогаш била изневерена, напуштена, осамена или тоа го искусила повеќе пати во младоста, не е важно, затоа што кај неа не постоеше очај кој би ја издал за овие претпоставки! Можеби само една грешка ја чинеше живот на осаменост!
Никој не смее да се доближи до нејзината интима за да ги дознае фактите на нејзината осаменост и најдлабоките емоции кои ја прават поинаква од останатите и неповторлива како никоја друга. И никој, освен неа, не веруваше дека осаменоста понекогаш може да биде награда затоа што животот така сакал!
notformen.mk
Самостојноста си ја наплаќа својата цена.