Дама на мистериозната осаменост

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дама3.jpg
Девојката чија харизма за посилниот пол беше вистински афродизијак е навидум толку обична девојка, но истовремено неспокој за толку многу мажи во градот. Дали ќе се појавеше во тренерки во маалската продавница или пак ќе блеснеше со сиот свој сјај во саботната ноќ, сите мажи остануваа занемени пред нејзината појава.
Додека жените ја доживуваа како конкуренција, мажите се обидуваа да пресметаат кои постапки и зборови ќе им требаат за да украдат барем поглед и насмевка од оваа дама, а да не стане збор за нејзиното присуство.
Тема број еден во машките кругови
Таа имаше се за што сонува секој маж. Мил поглед кој ветува љубов и мистериозна насмевка која провоцира, пристојно однесување и идеални облини, се тоа повеќе од доволна причина секој да ја посака покрај него и најважното, ја имаше самодовербата како ниедна друга жена.
Не постоеше машки разговор, а таа да не беше главна тема. Од фризурата до тоа кој е среќникот што и ја грее постелата, се тоа беше предмет на нивното дискутирање.
Постоеја и такви чиј очај дека неможе да ја имаат ги тераше да изнесуваат невистини и злобни коментари само да го засенат нејзиниот углед. Но, таа остана своја и доследна на својата самоувереност.
Кажи кој те има?
Никој не можеше да дознае кој ја има оваа дама која, ниту еднаш досега, не била видена со машка придружба. Дури и сама, секогаш била најдобра и најсилна. Отсекогаш била со насмевка на лицето како да се помирила со фактот дека животот ја чува за нешто повозвишено. Да, таа потсетуваше на девојка - див нарцис!
Осамена, но силна
Дали некогаш била изневерена, напуштена, осамена или тоа го искусила повеќе пати во младоста, не е важно, затоа што кај неа не постоеше очај кој би ја издал за овие претпоставки! Можеби само една грешка ја чинеше живот на осаменост!
Никој не смее да се доближи до нејзината интима за да ги дознае фактите на нејзината осаменост и најдлабоките емоции кои ја прават поинаква од останатите и неповторлива како никоја друга. И никој, освен неа, не веруваше дека осаменоста понекогаш може да биде награда затоа што животот така сакал!
notformen.mk
Самостојноста си ја наплаќа својата цена.

 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Преубав тескт без последната реченица
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Преубав тескт без последната реченица
во следна прилика цитирај ја сега во оваа на пример незнам на која мислиш,на последната од текстот,на она од каде што е текстот или на она после тоа:)
ете ги сите три
И никој, освен неа, не веруваше дека осаменоста понекогаш може да биде награда затоа што животот така сакал!
notformen.mk
Самостојноста си ја наплаќа својата цена
иначе и мене многу ми се допадна и затоа го поставив како тема
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ова не е колумна, ова е текст за девојка на која и умрела циганката. Но хард филингс.
Колумна е лично излагање, став за некоја општествена појава, девијација која е анализирана и претставена во пишана форма на широката јавност.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Има компетентни на форумот и нека го сместат текстот кој што му е на местото,јас немам ништо против,благодарам што ме упати што е колумна:)
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Има компетентни на форумот и нека го сместат текстот кој што му е на местото,јас немам ништо против,благодарам што ме упати што е колумна:)

Јас не се сомневам во работа на модераторите, сепак давам мислење дека треба да се префрли во подфорум за кој е складна. ;)