Дали психологијата е наука?

Стојче

Истакнат Член
27 декември 2015
18
11
303
121
d99e8a8c37005d281aec553e105bdaf0efd7b6.jpg

Со подемот на психологијата како поле на истражување при крајот на 19 век и почетокот на 20 век, истата функционирала како премин од филозофијата на умот кон науката. Иако психологијата се има инфилтрирано во културата како дел од секојдневието, малку луѓе разбираат што конкретно истражува психологијата и на кој начин се изведуваат истражувањата. Етимологијата на зборот „психологија“ потекнува од грчкиот збор „psyche“ кој значи „душа“ и „logia“ којшто значи „учење/наука“. Иако самото проучување на душата повлекува дуализам, денес, под психологија се подразбира проучувањето на умот и однесувањето, со што започнува првиот проблем околу психологијата како научно поле на истражување. Умот, самиот по себе е филозофски апстрактен концепт и не е подложен на емпириско тестирање бидејќи не постојат инструменти кои можат да го измерат директно исто како што не постои начин за детекција и мерење на квалиите кои се епифеномени на мозокот, поради што се користат анкетни прашања како прокси инструментација за извлекување на информации за умот. Со тоа, експерименталната психологија се соочува со проблеми околу ова прашање, а оваа проблематика е се' уште разглобувана во филозофијата на умот, а проминентни се тезите кои го претставуваат како епифеномен на мозокот и тие на елиминативниот материјализам кои го негираат постоењето на умот.

Вториот проблем е тоа што научниот метод се стреми кон употребување на познатиот алгоритам кој се состои од поставување на хипотеза, нулифицирање на истата, а потоа емпириско тестирање, со тоа се добива објаснувачката моќ на хипотезата и се редефинира како теорија, а науката се стреми кон унифицирање на теоретските модели во еден модел. Психологијата се потпира на повеќе теоретски модели кои иако се контрадикторни меѓусебно, се прифаќаат зависно од практикувањето. Пример за тоа се еволуционата психологија, когнитивно-бихевиоралната терапија, гешталт, психотерапијата итн. со што конзистентноста на методологијата која се користи за верифицирање на овие модели, се доведува до прашање, а бидејќи постојат контрадикторности, некои од моделите по пат на логичка нужност, не се точни. Модерната психологија се стреми кон опишување на појавите, а не нивно објаснување. Неможноста за создавање на теорија со објаснувачка моќ, ја остава психологијата со модели кои се стриктно дескриптивни. Со тоа, повеќето студии се корелациски, една варијабла се контролира, а другата варијабла се тестира и се утврдува, но тоа не е доволно за поставување на теоретски модел, а повеќето кои се запознаени со ова поле на истражување се запознаени и со репликациската криза на психологијата. Еден од главните проблеми е тоа што човечкиот фактор е комплексен и не може да постои контрола на сите фактори кои може да играат улога во човековото однесување и тоа не го решава проблемот со умот којшто не е емпириски феномен.
Еволуциската психологија се одделува од останатите гранки со обиди за поставување на функционалистички модел за умот, но постојат различни проблеми околу овој модел и тоа може да се приложи во дискусијата која ќе следува.

Третиот проблем е АПА. Во прирачникот за пореметувања на АПА, се забележуваат различни промени околу тоа што ќе се дефинира како ментална болест, а што не, честопати проблем којшто е прашање на консензуално гласање, а не научно тело од докази. Пример за тоа се:

Математичко пореметување
http://www.minddisorders.com/Kau-Nu/Mathematics-disorder.html

Пореметување "ривалство со роднините"
http://www.psychnet-uk.com/x_new_site/DSM_IV/sibling_rivalry_disorder.html

пелтечење, аспергер и ред други пореметувања за кои нема физички индикатори. Некои од истите уште се наречени и морални болести (ривалство со роднините). Како се поставува границата помеѓу „психолошка“ болест и “физичка“ болест? Од што е дефинирана психолошката болест? Сексуалните фетиши на пример можат да бидат дефинирани како ментално пореметување или нормална сексуална варијација зависно од тоа дали предизвикуваат стрес кај личноста која ги има.
Тоа менување на ставови кај АПА „од чиста мира“ е евидентирано на многу наврати во историјата, а чист пример е промената на статусот на хомосексуалноста од болест во нормална сексуална ориентација што е прашање на чиста политика и притисок од активистите. Потоа научната евиденција го потврдува истото по некоја случајност, но важно е да се напомене дека причините за промена не биле научни туку политички исто како што биле и причините за дефинирање на хомосексуалноста како болест првично.
Дали овие „болести" треба да бидат дијагностицирани и дефинирани како болести врз база на некои морални гледишта или пак стриктно одредувани според моделот кој е во рамките на медицинската дефиниција за тоа што е болест?

Во оваа дискусија, добредојдени се аргументи од двете страни, со што е пожелно да се води издржана дебата.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во секој случај не е егзаткна наука иако ваљда се употребуваат научниот метод и емпириска евиденција за прибирање материјал при формирањето на дијагностика, што се однесува до злоупотреба најинтересен момент бил во екс-СССР кога противниците на режимот биле лаконски `дијагностицирани` како психички болни и често упатувани на долг одмор во лудница :kafe.

Убаво напишан и составен вовед, но за жал овој форум е повеќе нешто како виртуелна биртиичка, порано наликуваше и на фин паб/пивница ама денес и не баш и дискусии на нивото поставено во воведот се практично невозможни, за жал :(

Едно кратко време бев член на форум.хр еден хрватски општ форум каде што имаше јаки дискусии ама многу бара време тоа, со оглед дека беа 400К+ членови, е сега не знам околу јазикот и тие работи, има и форуми на англиски каде што би имало соодветна дискусија на ваква тема. Сега да не се разбереме погрешно дека те бркам одма :D ама како што реков, за жал, таква е состојбата на ова интерактивно парче софтвер, бујрум за други муабети во секој случај.
 

Стојче

Истакнат Член
27 декември 2015
18
11
303
121
Во секој случај не е егзаткна наука иако ваљда се употребуваат научниот метод и емпириска евиденција за прибирање материјал при формирањето на дијагностика, што се однесува до злоупотреба најинтересен момент бил во екс-СССР кога противниците на режимот биле лаконски `дијагностицирани` како психички болни и често упатувани на долг одмор во лудница :kafe.

Убаво напишан и составен вовед, но за жал овој форум е повеќе нешто како виртуелна биртиичка, порано наликуваше и на фин паб/пивница ама денес и не баш и дискусии на нивото поставено во воведот се практично невозможни, за жал :(

Едно кратко време бев член на форум.хр еден хрватски општ форум каде што имаше јаки дискусии ама многу бара време тоа, со оглед дека беа 400К+ членови, е сега не знам околу јазикот и тие работи, има и форуми на англиски каде што би имало соодветна дискусија на ваква тема. Сега да не се разбереме погрешно дека те бркам одма :D ама како што реков, за жал, таква е состојбата на ова интерактивно парче софтвер, бујрум за други муабети во секој случај.
Ја членувам на кајгана веќе подолго време, а едно време членував и на странски форуми. На кајгана имаше дискусии со ваква тежина, но сега многу помалку од ред причини.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Поради политички причини чесно се шминкани и информациите од историјата, па никој не ѝ го оспорува местото меѓу науките.
Премногу е доцна, нема да се сетам, не ми замерувајте, ама некој од психоаналитичариве имаше дадено случај на жена која се жалела на болки во дланката. Милиони испитувања, немала апсолутно никаква повреда или болест, а длабката не престанувала да боли, дури и големината на болката од ден за ден станувала сѐ понеиздржлива. На терен настапува психоаналитичар и преку сеансите доаѓа до потиснато сеќавање, кога починува татко ѝ, таа со дланката го допира неговото речиси ладно тело, набрзо по негово умирање. Мозокот автоматски, несвесно ја казнува раката, неможејќи да ја поднесе загубата на нејзиниот татко.
Да не постоела психоанализата како метод за психичко истражување и третманите кои подоцна следат, жената веројатно ќе починела од страв дека некоја недефинирана болест се шири во нејзиното тело, и срцето ќе ѝ прснело од страв - малку хипербола со последнава реченица - ама поентата е таа :)
Осудувањето на хомосексуалноста, и денешното сѐ почесто прифаќање на истата - не може да ја оспори вистинитоста на науката.
Порано температурата се сметала за смртоносна - денес не, светот еволуира и ставовите, знаењата, начините се менуваат.
Сметам дека овие две науки треба да си прават трансфер на информации.
Конкретно во врска со хомосексуалноста... третманите кои медицината во минатото и денес ги прави за да „ги излечи“ се нечовечки, ама во екстремни размери. Електрошокови, егзорцизам, седативи, тепање.... и најчесто не вродуваат со некој убав, здрав плод, создаваат или исплашена индивидуа која ќе има сексуален однос со различно полов субјект замислувајќи ја својата сексуална идила, или доведуваат луѓе до самоубиство или пак не предизвикуваат никаква промена, ги издржуваат тортурите и продолжуваат по својот пат.
Фројд пример, хомосексуалноста исто така ја смета за болест, вели, зависно од начинот на одвивање и завршување на едиповиот/електриниот комплекс, луѓето ја одредуваат својата сексуалност, притоа, нагласувајќи дека жените, по природа се бисексуални суштества бидејќи имаат два полови органи(вагина и клиторис). Контрадикторност од кој размер? Не знам, ама голем е размерот.
Пред наша ера хомосексуалноста била наголемо прифатена. Еве нашиот Филип Втори има воведено реформа, секој војник да си има свој брат, за да биде сексуално задоволен и да биде 100% посветен на војната, да нема многу лево-десно со мислите.
Од друга страна, инцестуозноста, полигамијата, и тие биле прифатени и нашироко употребувани, и со текот на времето почнувале да се табуизираат, осудуваат, сметаат за болести...
Не сум медицинско лице, и не знам многу од тие аспекти, за жал, но, од овој мој лаички агол на гледање, како што психологијата ги менува своите ставови според тоа како ќе дувне ветрот, по патот на ваквите „состојби на човекот“ и медицината го прави истото... затоа сметам дека по поглед на ваквите работи треба да се протне длабоко во мислите, па ако треба и да се крене револуција против моралните вредности, ако цврсто битието ти вели дека се погрешни, бидејќи од времето во кое луѓето биле 100% поврзани со природата, многу работи се изменети... а веројатно тогаш, повеќе си го слушале своето Ид, него своето Супер-егче.